Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕПП бараат Орбан да си замине од кормилото на Унгарија, со остри директни критики и Фон дер Лајен

0
By Marija Todorovska on October 10, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската народна партија (ЕПП), во чија групација е и ВМРО-ДПМНЕ, побараа унгарскиот премиер Виктор Орбан да си замине од функцијата со цел Унгарија да се врати назад, поблиску до Европа.

„Време е Виктор Орбан да си оди“, во објава на Х порачаа ЕПП.
Во објавата се наведува дека Орбан треба да си оди, со цел Унгарија да има шанса да се опорави од последиците од лошото лидерство.

Партијата на Орбан, Фидеш беше дел од групата на Европски народни партии до март оваа година, кога тој се повлече од групата, пред сестринските партии да гласат за нивно исклучување. ЕПП имаа замерки за назадувањето на демократијата и владеењето на правото во Унгарија.

ЕПП е најсилна политичка групација во Европскиот парламент по последните европски избори, а од нивните редови доаѓа и старо-новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Политиките на Унгарија за Русија и Кина се безбедносен ризик, кажа претседателката на Европската комисија

Унгарија ја загрозува европската безбедност, рече денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во говор кој ги критикуваше односите на Будимпешта со Русија и Кина, јавува Ројтерс, пренесе ВОА.

Говорејќи на дебатата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Европскиот парламент во Стразбур, фон дер Лајен зборуваше за неподготвеноста на Будимпешта да им се придружи на партнерите од ЕУ во помагањето на Украина против руската инвазија и нејзините одлуки за зајакнување на врските со Москва и Пекинг.

„Светот е сведок на злосторствата на руската војна. А сепак, сè уште има некои кои за оваа војна го обвинуваат не напаѓачот, туку нападнатиот“, рече фон дер Лајен, германски политичар од десниот центар и поранешен министер за одбрана.

„Сè уште има некои кои за оваа војна не ја обвинуваат желбата за моќ на (рускиот претседател Владимир) Путин, туку жедта за слобода на Украина. Затоа сакам да ги прашам, дали некогаш ќе ги обвинат Унгарците за советската инвазија во 1956 година?“ рече таа.

Фон дер Лајен ја критикуваше унгарската програма за олеснување на визните ограничувања за Русите и Белорусите, како и договорот меѓу Будимпешта и Пекинг кој им дозволува на кинеските полицајци да патролираат во Унгарија, заедно со нивните унгарски колеги.

„Како може унгарската влада да поканува руски државјани во нашата Унија без дополнителни безбедносни проверки? Ова ја прави новата унгарска визна шема безбедносен ризик не само за Унгарија, туку и за сите земји-членки“, рече таа.

„Како може унгарската влада да дозволи кинеската полиција да дејствува на нејзината територија? Ова не го брани суверенитетот на Европа, ова е задна врата за странско мешање“, додаде фон дер Лајен.

Таа, исто така, укажа на континуираното потпирање на Унгарија на руската енергија, откако многу земји во 27-члената ЕУ ја намалија нивната зависност како одговор на руската инвазија.

„Една земја-членка само бараше алтернативни начини за купување фосилни горива од Русија. Русија постојано докажа дека едноставно не е доверлив снабдувач. Не може да има повеќе изговори. Кој сака европска енергетска безбедност пред сè, мора да придонесе за тоа “, рече таа.

– Она што исто така го гледаме, е дека една влада во нашата Унија оди во сосема спротивна насока, оддалечувајќи се од единствениот пазар. Како може една Влада да привлече повеќе европски инвестиции, ако во исто време ги дискриминира европските компании со тоа што ги оданочува повеќе од другите? Како може да привлече повеќе компании ако во исто време преку ноќ воведува извозни ограничувања? И како може европските бизниси да ѝ веруваат на Влада ако таа ги таргетира со произволни инспекции, им ги блокира дозволите и ако јавните договори главно одат на мала група корисници?, рече Фон дер Лајен.

Таа додаде дека ваквите политики на унгарската Влада само создаваат несигурност и ја поткопуваат довербата на инвеститорите, во време кога нејзините соседи од Централна Европа ја надминаа Унгарија по висината на БДП по глава на жител.

– Унгарија е во срцето на Европа, а треба да биде и во срцето на нашата економија. Унгарскиот народ треба да ги ужива сите придобивки од нашиот единствен пазар, нагласи Фон дер Лајен.

ВМРО-ДПМНЕ, кои исто така се дел од Европската народна партија, од друга страна пак, ги продлабочуваат односите со Орбан и Фидеш, во моменти кога европскиот пат на државата е блокиран.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.