Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган во саботата остро вербално го нападна Израел споредувајќи го со Адолф Хитлер.
“Тие го проколнуваат Хитлер секој ден но го надминуваат во варварство… Немаат ни хуманост ни совест ни чест”, рече тој во текот на еден митинг за време на изборната кампања на претседателските избори во Турција закажани за 10 август.
Ова не е прва споредба на Ердоган со нацистичкиот лидер Хитлер. Тој ја обвини парламентарката на Израел Ајелет Шакед дека дели ист менталитет како Хитлер откако таа на социјалните мрежи објави статус во кој рече дека сите Палестинци заслужуваат да умрат.
Ердоган го обвини Израел исто така дека прави геноцид на Палестинците и исклучи било какво подобрување на односите на Турција со оваа земја се додека е тој на власт.
Израелските бомбардирања врз Газа веќе однесоа 300 жртви помеѓу кои и многу деца.