Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ердоган: Странските медиуми лажно информираат

0
By Нова ТВ on June 16, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на денешниот митинг на неговата Партија за правдата и развојот, кој се одржа во Истанбул, упати критики до странските медиуми дека објавуваат неточни информации за случувањата во Турција.

„Ако медиумите ја сакаат сликата на Турција, ова е сликата на Турција. Странските медиуми се обидуваат да го скријат тоа. Повеќе денови даваа неточни информации. Тоа е не тој народ, кој вие го покажувавте“, истакна Ердоган, покажувајќи кон насобраните стотици илјади учесници на митингот.

Ердоган нагласи дека се сретнал со претставници на демонстрантите и со нив разговарал за ситуацијата.

„Моментално случајот со паркот Гези е пред суд. Ако судската одлука е во наша корист тогаш ќе спроведеме референдум, ако не е во наша корист тогаш ќе се согласиме. Овој парк не и припаѓа само на една група луѓе, туку на сите граѓани на Истанбул“, истакна турскиот премиер.

Ердоган додаде дека паркот Гези е испразнет, како и плоштадот Таксим.

„Овие места се дадени во рацете на народот, а општината го исчисти паркот. Моментално се работи на уредување на зелените површини“, рече премиерот.

Во своето обраќање пред приврзаниците, Ердоган потенцира дека „Турција не е земја на која можат да се вршат операции по пат на социјални мрежи и која можат да ја санкционираат некои парламенти“.

„Европскиот парламент донесе одлука во врска со нас. Треба да знаат до каде можат да одат. Имате ли вие било какви ингеренции во Турција? Првиот ден реков дека немаат право да донесуваат одлуки во врска со земјата. Одлуката која ми ја испратија им ја вратив назад“, изјави турскиот премиер.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.