Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се согласи да стави кочници на плановите за градење трговски центар во паркот Гези во Истанбул засега- ова е компромисот со цел да стави крај на двонеделните протести и немири во земјата, јавува Си-Ен-Ен.
Турските демонстранти кои остварија средба со премиерот Реџеп Тајип Ердоган со цел да ги решат анти-владините протести иницирани од планот на владата да го реконструира градскиот парк, претходно изјавија дека проектот ќе се одложи до донесувањето одлука од страна на Судот.
Ердоган во текот на ноќта во четвртокот, се состана со претставници на Таксим Солидарност како и со актери и уметници.
Разговорите се случија само неколку часа откако премиерот изјави дека неговата трпеливост е при крај и ги предупреди демонстрантите да го напуштат паркот Гези.
Таксим Солидарност велат Ердоган им ветил дека ќе се придржува на исходот од тековниот судски спор (со кој би се стопирал планот).
Според изјавите на демонстрантите, турскиот премиер исто така ќе одржи референдум доколку Судот пресуди во полза на владата.