Емануеле Ерикиело: Проблемот е што нападот на демократскиот поредок и демократските слободи е истовремено од две страни: однадвор и одвнатре, и тоа е нешто за што мора добро да размислиме.
Пред неколку дена, САД ја издадоа нивната голема стратегија за нивната позиција во однос на Европа, но исто така и нивната позиција во однос на светот. Дотрината на Трамп прилично јасно истакнува дека САД не гледа да го изгради нивниот глобален приод, туку јасно оди кон состојба на конкуренција на големите сили, прифаќајќи го мултиполарниот поредок во кој се позиционираат како супер сила, натпреварувајќи се со други големи сили, вели Емануеле Ерикиело, заменик-директор, Centro Studi Internazionali (Италија) на панелот Европски и глобални перспективи на демократска отпорност.
Емануеле Ерикиело е истражувач и аналитичар специјализиран за европска геополитика, безбедносна политика и трансатлантски односи. Како заменик-директор на Centro Studi Internazionali (CSI), тој придонесува за стратешки проценки на глобалните кризи, хибридното војување и демократската отпорност. Тој тесно соработува со европските партнери за зајакнување на регионалната соработка и унапредување на меѓународен поредок базиран на правила.
Извор: ЦивилМедиа.мк



