Грчката државна телевизија ЕРТ ни денеска не емитува програма во етерот, иако таа може да се следи преку интернет, а за тоа време грчкиот премиер Андонис Самарас уште еднаш ќе се обиде да преговара со коалициските партнер за да избегне политичка криза по контроверзната одлука за исклучување на сигналот на јавниот сервис.
Сигналите на каналите на државната телевизија и радио беа исклучени пред осум дена, откако Владата реши ЕРТ привремено да престане да работи во рамките на мерките за штедење што ги бараат меѓународните кредитори.
Коалициските партнери на Самарас на се согласуваат за затворањето на ЕРТА и барааат таа веднаш да го возобнови емитувањето на програмите.
Пред два дена Државниот совет, највисокото правосудно тело во Грција, ја отфрли одлуката на Владата за затворање на ЕРТ и нареди таа повторно да почне со емитување на програмата.