Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСЧП и наложи на Македонија да исплати надомест на Роми малтретирани од полицијата

0
By Нова ТВ on November 9, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди во корист на двајца тужители, Роми, застапувани од страна на Европскиот центар за права на Ромите (ЕЦПР), кои биле малтретирани додека биле малолетни, од страна на полицијата во Скопје, во 2014 година. „Судот ѝ наложи на Владата на Северна Македонија да им исплати на Ромите, кои се сега на возраст од дваесет и три години и деветнаесет години, износ од 7.500 евра, поединечно“, се наведува во соопштението на ЕЦПР. Претседателот на ЕЦПР, Ѓорѓе Јовановиќ, рече дека е вознемирувачки да се види дека правдата за овие деца очигледно не може да се добие во Северна Македонија.

„Познато ни е дека овој вид на расистичко насилство се случува постојано, но правосудниот систем, полицијата, јавниот обвинител во оваа држава се така институционално расистички, што, дури и кога деца се апсени и претепувани од страна на расистички полицајци, институциите не можат ниту да спроведат успешна истрага против нивните сопствени службеници. Ромите треба да бараат потпора од судот во Стразбург за да воопшто добијат било каков вид на правда“, веи Јовановиќ.

Предметот се однесува на инцидент од 19 мај 2014 година. Тужителите тогаш биле на возраст од 16 и 13 години.

Полициските службеници, припадници на „Алфите“, барале двајца силеџии, кои биле пријавени дека нападнале и ограбиле дваесетгодишна жена и кои биле опишани како мажи со темен тен, на возраст помеѓу 16 и 18 години. Подоцна, полициска патрола ги пронашла двајцата малолетници, веднаш напаѓајќи ги на улицата, пред да го однесат шестнаесетгодишниот во полициски притвор во полициската станица Центар. Во полициската станица, шеснаесетгодишното момче било наводно дополнително тепано неколку часови од страна на службениците, до кога неговиот татко бил повикан во станицата и на момчето му било кажано „најди ја чантата или ќе те убијам пред татко ти.“ Под закана, тој потпишал признание дека тој украл рачна чанта од дваесетгодишна жена, претходно истата вечер. Тринаесетгодишното момче исто така изјавило дека полициските службеници го шамарале по лицето и на улицата му извикувале „вие Цигани, вие лажете и крадете!“.

По инцидентот, полицијата негирала било каков наводен престап сторен од страна на службениците, изјавувајќи дека полициските службеници не ги пречекориле своите овластувања.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.