Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСЕ: Нема напредок во транспарентноста на институциите

0
By Менче Атанасова Точи on July 7, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од сите буџетски корисници на национално ниво, Министерството за здравство е најнетранспарентна институција, а Министерството за финансии има најуспешни решенија како да не обезбеди податоци, покажало истражувањето на невладината организација ЕСЕ.

Анализата покажала дека Министерството за финансии сите информации што се однесуваат на буџетското и трезорско работење ги класифицира како информации со соодветен степен на тајност или се прогласува за ненадлежно за бараните информации. Ова Министерство е оценето како делумно транспарентно во делот на слободен пристап на информации од јавен карактер.

Министерството за правда, Комисијата за заштита на слободен пристап на информации, Институтот и Центарот за јавно здравје се отворени само доколку некој побара информации по официјален пат, но се затворени кога станува збор за самостојно објавување на информации за буџетското работење.

netransparentnainstitucija

Она што е најинтересно овие институции предничат со статусот најтрансапрентни во однос на останатите.

„Министерството за здравство 2015 година го достигна дното во однос на проактивност, односно нема објавено ниту една информација за своето работење на официјалната интернет страна. Министерството за финансии е делумно транспарентно односно објавило 56 проценти од значајните информации, додека Фондот за здравство објавува 44 проценти од документите за своето програмско и буџетско работење“, стои во резултатите од спроведениот мониторинг на ЕСЕ.

Од таму констатираат дека нема никаков напредок на нивото на транспарентност на јавните институции во Македонија во однос на претходната година. Во прилог на тоа се податоците дека 13 од 20 мониторирани институции не објавиле ниту еден податок за своето програмско и финансиско и буџетско работење. Ниту една од дваесетте институции не објавила:буџетски календар, предбуџетска изјава, поедноставна верзија на буџетот или ревизорски извештај.

Според ЕСЕ, Министерството за финансии е единствената институција која минатата година објавила предлог буџет, усвоен буџет и измени и дополнувања на буџетот, како и Фондот за здравство кој објавил полугодишен извештај за извршување на буџетот.

Минимален напредок во нивото на проактивност се бележи кај следните институции:Министерствата за надворешни работи и образование, Општина Пехчево и Центарот за јавно здравје во Скопје. Во 2015 година бројот на барањата на кои институциите не обезбедиле никаков одговор е ист како во 2013 година.

nazivnainstitucija

Некои од институциите од целосно транспарентни стануваат нетранспарентни, како што се Градската болница„8Септември“и болниците во Прилеп и Струга. Од делумно транспарентно во нетранспарентно се претворило Министерството з а здравство, но и Клиниката за гинекологија и Центарот за јавно здравје во Кочани. Оваа анализа на проактивната транспарентност на јавните институции е трета по ред што ЕСЕ ја прави секоја година.

Со постапката за слободен пристап на информации биле опфатени вкупно 67 институции, како што се Секретарјатот за европски прашања, Агенцијата за странски инвестиции, Комисијата за заштита на слободен пристап на информации, како и министерствата кои беа потенцирани погоре во текстот.

Во текот на постапката за слободен пристап на информации биле доставени вкупно 922 барања за податоци од програмското и буџетското работење на институциите.

transparentnost

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
ФОКУС

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

ВЕСТИ November 4, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на Делегацијата на Европската Унија, амбасадорот Михалис Рокас, кој…

ЕУ: Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија постигнаа значителен напредок кон членство во ЕУ

November 4, 2025

Политико: Македонскиот пат кон ЕУ останува попречен од историскиот и јазичниот спор со Бугарија 

November 4, 2025

Политико: ЕУ пофалби за Црна Гора и Албанија – за Македонија само малку оптимизам

November 3, 2025
ТИКЕР

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025

Австралија: 3 часа на ден бесплатна соларна енергија за домаќинствата

November 4, 2025

Најмалку 20 загинати и 320 повредени во силниот земјотрес во северен Авганистан

November 3, 2025

Тензии пред српскиот Парламент откако почна штрајкот на мајката чие дете лани загина при падот на бетонската настрешница во Нови Сад

November 2, 2025

Десет лица се хоспитализирани од кои девет се во критична состојба по напад со нож во Велика Британија

November 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.