Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Кетрин Ештон по повод светскиот Ден на слободата на медиумите порача дека новинарите треба да работат слободно, без страв од цензура и прогони.
-Слободата на изразување мора да се брани како во традиционалните медиуми, така и на интернет, стои во писмената изјава на Ештон.
Европската Унија и натаму ќе ги заштитува новинарите, нивните права и слободи и ќе се бори против сите форми на насилство и цензура на кои особено последниве години се изложени медиумските работници, порача Ештон на Денот на слободата на медиумите, 3 мај.