Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон попладне ќе пристигне во посета на Република Македонија во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.
Целта на посетата е интензивирање на процесот на евроинтеграција за земјите-аспиранти за членство во Унијата од регионот.
– Патувам во Западен Балкан за да го засилам ангажманот на ЕУ за европските перспективи на земјите од регионот. Ќе ги охрабрам лидерите во регионот да продолжат со процесот на реформи и промоворањето на добросоедските односи, вели Ештон во изјавaта за нејзината балканска турнеја.
И додека Ештон во Скопје ќе разговара со Иванов, Груевски ,Црвенковски и Ахмети комесарот Филе во Стразбур пред Европскиот парламент ќе ги презентира пролетните извештаи за Македонија, Србија и Косово како што го обврза Европскиот Совет во декември.
Во извештајот за Македонија се очекува Филе да ја повтори препораката на ЕК за почеток на преговри за членство со ЕУ. Детали од извештајот ќе бидат познати во 16.00.