Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: На Самитот на НАТО беше кажано дека е опасно да се споделат сите информации со новата црногорска Влада

0
By НОВА ТВ on October 15, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар денеска изјави дека актуелната црногорска влада ќе ужива американска поддршка се додека е демократска и фокусирана на европската иднина на земјата. Тој посочи и дека на последниот самит на НАТО, иако неформално, било изразено стравување дека е опасно да се споделат сите информации со новата влада во Подгорица, пишува црногорскиот портал cdm.me.

Ескобар додаде дека единственото решение за тензиите на Балканот е членството на земјите од регионот во ЕУ.

„Отсекогаш верувавме дека клучот за стабилноста на овој регион е неговото членство во ЕУ“, рече Ескобар.

Тој смета дека политиката на САД кон регионот се нема променето и покрај смената на администрацијата и повтори дека нивната цел е да се воспостави владеење на правото, борба против корупцијата и развој на демократските институции. Ескобар сепак најави засилено американско присуство и посветеност кон регионот, вклучувајќи го и јасниот фокус што го поставил претседателот Џо Бајден за регионот.

На прашањето како САД можат да им помогнат на балканските земји за да постигнат стабилност, тој одговори дека САД имаат голем буџет што може да им помогне за постигнување на посакуваните резултати.

„На повисоко ниво, ние ја користиме секоја можност да ги охрабриме нашите европски партнери да го забрзаат процесот на интеграција на Балканот, кој е регион со исклучителен потенцијал“, истакна Ескобар.

Коментирајќи го мешањето на Русија во внатрешните работи на Црна Гора, Ескобар рече дека САД имаат и дипломатски и политички одговор, за да се изолираат силите што не сакаат суверена и демократска Црна Гора.

Тој направи разлика меѓу проруските и просрпските сили.

„Просперитетните сили во Црна Гора треба да разберат дека Црна Гора треба да биде суверена, демократска, западно ориентирана членка на НАТО“, рече Ескобар, додавајќи дека за оние сили што го поткопуваат напредокот на земјата, што е успешна приказна речиси 25 години, САД имаат одговор во форма на санкции и политички притисоци.

Тој потврди дека на последниот самит на НАТО, иако неформално, било кажано дека е опасно да се споделат сите информации со новата влада во Подгорица, додавајќи дека загриженоста е реална и дека луѓето во Црна Гора треба да бидат свесни за тоа.

„НАТО има многу начини да ги чува информациите, но секоја влада треба да биде свесна дека тоа е нешто што ги слабее и организацијата и земјата“, истакна Ескобар.

Ескобар се согласува дека сегашната ситуација на Балканот има многу сличности со 1990 -тите, кога ескалираа етничките тензии и додава дека постојат повеќе страни кои сакаа да ги искористат тие тензии.

„Од Дејтон навака се случија многу позитивни работи, и кога ќе ги анализирате, ќе видите дека сите тие беа плод на евроатлантската интеграција. Затоа на нашите европски партнери им ја споменуваме потребата за забрзување на интеграцијата и затоа Балканот е секогаш високо на нашата агенда кога зборуваме за нив“, рече Ескобар, кој е убеден дека Европа ќе го разбере огромниот потенцијал на Балканот и дека за три години оваа област ќе биде просперитетен регион.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
ФОКУС

Четири групи во Европарламентот ќе поддржат недоверба против Фон дер Лајен

ВЕСТИ October 3, 2025

Европратеници од четири политички групи во Европскиот парламент најавија дека ќе го поддржат претстојното гласање…

Јато дронови над белгиска воена база – НАТО го вклучи алармот

October 3, 2025

30 години од атентатот врз првиот Претседател на независна Македонија Киро Глигоров

October 3, 2025

Време: Зимата ја претрка есента

October 3, 2025
ТИКЕР

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025

Алексиќ: Ангажирањето на Арсовска Томовска е симбол за коруптивноста на проектот „Експо 2027“

October 3, 2025

Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Скопје

October 3, 2025

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.