Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: Северна Македонија да се погрижи нејзините закони да бидат усогласени не само со Уставот, туку и со ЕУ

0
By Ана Василевска on September 22, 2023 ВЕСТИ
Габриел Ескобар
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Постојат повеќе нивоа на проверка на усогласеност на законите, вклучувајќи ги и тие преку Европската Унија, а Северна Македонија треба да се погрижи нејзините законите да бидат усогласени со европските стандарди и очекувања, порача заменикот помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа, во врска со измените во Кривичниот законик.

-Што се однесува до конкретните информации за измените во Кривичниот законик, се што можам да кажам е дека постојат повеќе нивоа на проверка на усогласеноста на законите, вклчувајќи и преку ЕУ. Тоа би значело дека Северна Македонија треба да се погрижи нејзините закони да не бидат само во согласност со Уставот, туку и со европските очекувања и стандарди, Вели Ескобар во интервјуто.

На прашањето дали САД се задоволни од борбата против корупцијата во Северна Македонија во контекст на измените во Кривичниот, со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената должност, Ескобар нагласува дека корупцијата е најголем проблем за сите земји од Западен Балкан.

-За почеток би кажал дека корупцијата е најголем проблем за државите од Западен Балкан и мислам дека сите земји можат да направат повеќе (во борбата против корупцијата), вклучувајќи ја и Северна Македонија. И тоа е една од причините зошто доследно се залагаме за тоа државата да ги спроведува реформите кои ЕУ ги бара од неа, изјави Ескобар.

Тој вчера во интервју за Гласот на Америка истакна дека Северна Македонија игра многу важна улога во процесите во регионот. Исто така изрази загриженост поради тоа што Западниот Балкан се развива во „две брзини“.

– Од една страна има членки на Северноатлантската алијанса кои се многу посветени на својот НАТО и европски пат. Тука се и преостанатите три кои се борат со потешкотии. За време на моите средби со нив, доследно им пренесував дека САД го поддржуваат нивниот евроатлантски пат. Би сакале и сакаме сите тие да ги решат внатрешните и регионалните разлики што ги спречуваат да напредуваат, потенцира соговорникот на Гласот на Америка.

Прецизирајќи го одговорот, тој укажа на, како што истакна, важната улога на Северна Македонија во актуелните процеси.

– Ние сме им благодарни за нивното регионално лидерство, и за нивното проевропско предводништво. Како претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), мислам дека Северна Македонија постојано се докажува како одличен партнер. Во оваа смисла, би сакале да ја видиме и во Европската Унија. Албанија имаше одличен пристап кон членството во Советот за безбедност, во билатералните односи, како и со НАТО, појасни Ескобар.

Габриел Ескобар Европска регулатива Западен Балкан уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.