Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ескобар: Северна Македонија и Албанија да ги започнат преговорите со ЕУ пред крајот на годинава

0
By НОВА ТВ on October 28, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најсилната порака што ЕУ сега можа да ја испрати е да започне преговори за членство во ЕУ на Северна Македонија и Албанија пред крајот на оваа календарска година, изјави денеска Габриел Ескобар, заменик државен секретар за европски и евроазиски пршања на САД.

Со тоа, рече тој, „ќе се отфрли разочараноста на населението во регионот од европските политики и ќе се запре злонамерното влијание на Русија и Кина кои работат против проширувањето на ЕУ во Западен Балкан“.

Во сослушување пред Комитетот на Претставничкиот дом за надворешна политика денеска на тема ангажманот на САД во Западен Балкан, Ескобар укажа дека и Северна Македонија и Албанија ја завршиле тешката работата што од нив се барала и оти процесот треба да започне без одложување.

-Одложувањето на процесот откако Советот на министри на 22 март препорача започнување на преговорите, шири сомнеж во регионот и ризикува отфрлање на надежите на новите генерации кои сакаат иднина во ЕУ, истакна Ескобар.

Тој ја повтори заедничката изјава на државниот секретар Ентони Блинкен и високиот претставник за надворешна политика на ЕУ Жозеп Борел од 14 октомври дека евроинтеграцијата е единствена надеж за регионот.

-Мирот, стабилноста и проспертитетот преку интеграција во ЕУ е наша заедничка цел и работиме заедно кон таа цел, вклучувајќи и поддршка за дијалог под спонзорство на ЕУ, како најдобар пат за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, кажа Ескобар во однос на неодамнешниот конфликт со регистарските таблички во северно Косово.

Ескобар истакна дека САД во изминатите десет години обезбедиле 2.4 милијарди долари помош за регионот. Само за фискална 2021 година, посочи, издвоивме повеќе од 120 милиони долари за помош за интеграцијата на регинот во ЕУ и изградба на отпор кон негативните надворешни влијанија.

Ескобар рече дека Москва и Пекинг активно се спротивставуваат на членството на регионот во ЕУ.

-Тие вршат дезинформации и ги употребуваат ранливите места за да ги пренасочат земјите од Западен Балкан од својот избран демократски пат, додека се здобиваат со економско и политичко присуство во Европа, рече Ескобар.

Според него, Русија ги употребува како оружје енергенсите што ги снабдува на Европа за да ги уценува политичарите, стимулира корупција и го запира потенцијалот за развој.

-Кина исто така го шири своите влијанија во критичната инфраструктура и со условувања во економјата. Ние не смееме да им дозволиме да успеат, порача тој.

Укажа дека Западен Балкан е економски динамичен регион со намера да се приклучи на единствениот европски пазар.

-Работејќи заедно, овие земји ќе ги решат политичките предизвици, и ќе ги засилат промените за кревање на животниот стандард, запирање на одливот на мозоци и обезбедување основи за долготраен просперитет. САД се посветени да се осигура оваа интеграција и приоритет да им са даде на одржливите инвестиции во квалитетна инфраструктура и премин од енергенси како јаглен во производство на чиста енергија.

Ескобар ги пофали иницијативите како Отворен регионален пазар и Зелената агенда и истакна дека администрацијата на претседателот Џо Бајден ја удвоила својата посветеност да работи со сојузниците за помош на Западен Балкан да го реализираат својот европски пат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.