Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕСМ по пожарот во РЕК Битола: Комбинатот работи со еден блок, од наредната недела во функција ќе бидат два

0
By Sashko on November 6, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) се огласи со ново соопштение во кое се наведува дека РЕК Битола во моментот работи со еден блок, а од наредната недела во функција ќе бидат ставени два и ги демантира шпекулациите што се појавија во јавноста за нестручно и несовесно работење и оперирање како причина за синоќешниот пожар во Комбинатот.

Саниран е пожарот кој изби синоќа во РЕК Битола и на местото се врши увид од страна на стручни екипи од АД ЕСМ за утврдување на причините. Пожарот почна на еден од изолаторите на надворешниот трансформатор на Блок 3 и со брза интервенција на противпожарните служби огнот беше изгаснат. Не се дозволија дополнителни хавариски оштетувања. Локацијата е обезбедена и екипи на АД ЕСМ и на надлежните служби ќе ги истражуваат причините за настанот. АД ЕСМ најостро ги демантира сите шпекулации за наводно нестручно и несовесно работење и оперирање, со оглед на тоа што се работи за процес на производство со опрема стара над 40 години. За компанијата е најважно што нема повредени лица, се вели во соопштението на ЕСМ.

Во случаи на пожар, објаснуваат од ЕСМ, од безбедносни причини проработува автоматската заштита и истата синоќа реагираше со исклучување и на Блок 1.

„За помалку од еден час Блок 1 беше рестартиран и вратен, и од денеска во утринските часови работи со полн капацитет. Со оглед на тоа што оштетувањето на трансформаторот на Блок 3 е од поголеми размери, истиот одреден период нема да биде во можност да биде приклучен во производниот систем. Истовремено, Блок 2 беше во редовни сервисни активности за подготовка за работа од декември, но со оглед дека има потреба од побрзо вклучување, од следната недела и Блок 2 ќе функционира со полн капацитет. ТЕЦ Осломеј во моментот е во редовен сервис за негова подготовка за континуирано производство на електрична енергија од декември до април 2022 година со 300.000 тони набавен јаглен за кои постапката ќе финишира во следните неколку дена. Останатите капацитети на АД ЕСМ, хидроелектраните Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш, гасната електрана Енергетика – Скопје и ветерниот парк Богданци се во функција, порачуваат од ЕСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Нетанјаху тврди дека воопшто не прифатил палестинска држава во разговорите со Трамп

ВЕСТИ September 30, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека го прифатил принципот на палестинска држава денеска откако претседателот…

Палестинската управа го поддржа мировниот план на Трамп и вети реформи

September 30, 2025

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

September 29, 2025

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.