НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Без договор за проблематичните банки

0
By Нова ТВ on June 22, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министрите за финансии од ЕУ до рано утрово не успеаја да постигнат договор за затворање на банките кои и прават преголема штета на економијата, информираа дипломатски извори од ЕУ.

И по 18-часовните разговори и натаму останаа длабоките разлики меѓу европските министри за финансии за тоа колку земјите и кредиторите би требале да придонесуваат за спасување на проблематичните банки и до кој степен треба да се има флексибилност кон нив, информираа извори од состанокот.

По средбата во Луксембург францускиот министер Пјер Московици изјави: „Повторно ќе се сретнеме в среда“. Тој оцени дека на состанокот биле изминати „90 отсто од патот“ и оти „договорот е блиску“.

Министрите за финансии на земјите членки на ЕУ настојуваат да постигнат договор за заедничките правила за ликвидации на банките кои ќе се најдат во проблеми, без тоа да падне на товар на даночните обврзници.

Веќе претходно одредија кој би требало да плати во случај на спасување или ликвидација на некоја банка и по кој редослед: први акционерите, потоа најслабо осигурените доверители, а по нив сопствениците на т.н. сениор обврзници и на крај штедачите, односно тие кои имаат депозити поголеми од 100 илјади евра.

Меѓутоа, земјите членки на ЕУ се поделени по ова прашање во две групи. Во првата група се Франција, Велика Британија, Италија и Шведска кои сакаат одредена флексибилност во решавање на поединечните случаи. Париз сака, во некои околности, да може да ги заштити индивидуалните штедачи и малите и средни претпријатија, пренесува Дојче веле.

Другата група земји, во којашто се Германија, Холандија, Финска и други земји, бараат најстроги можни правила за да се избегне несигурноста којашто би можела да предизвика бегство на инвеститорите и штедачите. Тие сакаат во иднина повеќе никогаш да не бидат употребувани јавните пари за тие цели. Постигнувањето на овој договор е клучен за воспоставување банкарска унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.