Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Без примена на Пржино и извештајот на Прибе нема преговори за членство

0
By Светлана Јовановска on December 15, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека македонските политички лидери се подготвуваат за нова средба, ЕУ им испраќа уште една порака на сериозна загриженост за лошата состојба во која се наоѓа земјата и потсетува дека препораката за преговори за членство е условена со примена на договорот од Пржино и Итните реформски приоритети познати кај нас како “извештајот на Прибе”.

Министрите за надворешни работи денес попладне ќе го усвојат заклучокот кој НОВА ви го пренесува. Овој заклучок ќе биде усвоен и на крајот на оваа недела од страна на лидерите на ЕУ на нивниот самит закажан за четврток и петок.

“Советот на ЕУ ја повторува својата сериозна загриженост за ситуацијата во земјата, особено сериозната политичка криза обележана со политичката култура на поделби, недостиг на култура за компромис, назадувањето на слободата на изразувањето и судската независност како и понатамошна ерозија на довербата во јавните институции”, вели ЕУ.

Во еден од своите досега најдолги заклучоци за Македонија, министрите го поздравуваат договорот од Пржино и бележат дека опозицијата се вратила во Собранието, како и усвојувањето на промените во изборниот законик и повикува на “целосна и конструктивна примена од сите партии согласно договорениот временски период во интерес на земјата и граѓаните”.

“Советот го повторува својот повик за поконструктивен и инклузивен политички дијалог во земјата. Советот ја подвлекува важноста дека изборите на 24 април 2016 година треба да се водат на кредибилен начин во согласност со меѓународните стандарди” и според препораките на ОБСЕ и ОДИХР.

Понатаму, ЕУ вели дека е многу важно да се спроведе длабока и независна истрага, без пречки, за сите сомненија за злоупотреби од прислушувањето и го поздравува именувањето на специјалната обвинителка и Анкетната комисија во Собранието кои треба да се фокусираат на “законската и политичката одговорност”. А властите треба да го поддржат независното функционирање на овие тела.

И тоа не е се. Советот се враќа на уште една чувствителна тема – настаните од Куманово. И ги повикува властите “целосно да ги истражат настаните од Куманово од 9-10 мај 2015 година на објективен и транспарентен начин”.

Потоа, Советот доаѓа до извештајот на Прибе и ги повикува партиите да го почитуваат дадениот збор за примена на реформите од овој извештај за “да се решат системските правила на правната држава вклучително и оние кои ги нарушуваат фундаменталните права, судската независност, слободата на медиумите, изборите, корупцијата, политизацијата на државните институции, нејасната граница помеѓу партија и држава и неуспешната контрола”.

Советот ја поздравува намерата на Европската комисија да продолжи да го набљудува процесот на решавање на овие системски проблеми во судството, корупцијата, фунадменталните права и внатрешните работи според извештајот на Прибе.

Советот се враќа и на прегледот на Охридскиот договор кој “треба да биде брзо комплетиран а препораките да се применат”.

Конечно, Советот потврдува дека нема никаква промена во односот на ЕУ кон спорот сои Грција. Проблемот, според ЕУ, треба да се реши во рамката на добрососедските односи со посредство на Обединетите Нации бидејќи тоа е “есенцијално”.

“Есенцијално” значи дека без согласност на Грција преговорите за членство не можат да се отворат. Очигледно дека спорот нашол свое место за време преговорите во Пржино: “Советот позитивно ја бележи определбата на лидерите на главните политички партии според договорот од 2 јуни. Потребно е да се доведат до дефинитивен заклучок долгите дискусии за проблемот со името и тоа без одлагање. Акции и изјави кои имаат негативно влијание на добрососедските односи треба да се избегнуваат”, вели заклучокот на инсистирање на Грција.

На крајот, Советот на ЕУ изразува подготвеност да ја продолжи својата препорака за преговори за членство која е условена со примената на Пржино и значаен напредок во примената на извештајот на Прибе.

Шефовите на евопските дипломатии ветуваат дека на македонските проблеми и условената препорака ќе се вратат веднаш во изборите на 24 април 2016 година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.