Двајца пратеници на ЕУ на украинскиот Парламент му дадоа краен рок до среда да го усвои законот, со кој ќе биде ослободена затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко.
Европските пратеници нагласија дека Киев треба до среда да го усвои овој закон доколку сака да го потпише важниот договор за интеграција во ЕУ.
Тимошенко отслужува затворска казна од седум години за злоупотреба на службената должност.
Според Западот пресудата е политички мотивирана.
Претседателот на Укрaина Виктор Јанукович и неговите сојузници досега одбиваа да ја ослободат Тимошенкo и покрај инсистирањата на Западот.