Европската унија вакцинирала повеќе граѓани против КОВИД-19 со прва доза од Соединетите американски држави, според податоците објавени во саботата. 55,7% од граѓаните на ЕУ ја примиле првата доза до викендот, во споредба со 55,5% од Американците, пишува Евроњуз.
Францускиот заменик министер за европски прашања Клеман Бон ги објави бројките во саботата и го поздрави достигнувањето: „Продолжуваме, забрзуваме!“, напиша тој.
Новите податоци доаѓаат откако заедницата од 27 држави се соочи со остри критики поради бавниот почеток на кампањата за вакцинација, поради доцнењето во снабдувањето и логистичките проблеми. Соединетите држави сепак предничат во однос на ЕУ во целосната вакцинација, со 48,1% вакцинирани граѓани со две дози за разлика од 42,5% во Унијата.