Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ ја признава европската аспирација на Украина, но процедурата во моментов е нејасна

0
By Ivana on March 8, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: schengenvisainfo.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката на ниво на земји членки на ЕУ за зелено светло да се разгледаат кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија за членство во ЕУ отвора сѐ повеќе прашања, од политички како и од технички аспект, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Јавноста чека шефовите на држави и влади на ЕУ да се состанат на крајот на оваа недела во Париз за да стане малку појасно во која насока се движи ветувањето дадено вчера од страна на ЕУ дека ќе се разгледаат кандидатурите на Украина, Молдавија и Грузија за членство во ЕУ.

Од техничка гледна точка, меѓутоа, во овој момент нема многу одговори.

Она што е познато во овој момент е дека по вчерашната одлука на амбасадорско ниво во Советот на ЕУ, француското претседателство денеска ја затвори писмената процедура и писмото треба во текот на денешниот ден да стигне во Европската комисија. Од тој момент, Европската комисија ќе треба да се изјасни околу процедурите.

Украина, Грузија и Молдавија не се дел од процесот на стабилизација и асоцијација кој треба да доведе до зачленување на ЕУ, туку се дел од процесот на придружување.

Освен тоа останува прашањето како ќе постапи Европската комисија и за колку време. Оттаму за МИА велат дека нема поставено рок, но извесно е дека политичкиот и медиумскиот притисок се огромни врз оваа институција да се изјасни доста брзо за тоа како ќе се третираат кандидатурите на овие три земји од Источното Партнерство.

Искуството од Западниот Балкан вели дека Европската комисија треба до овие три земји да испрати обемен прашалник, со прашања од сите области релевантни за членство во ЕУ. Босна и Херцеговина, која сѐ уште не добила официјално статус на земја кандидат, имаше околу 3.400 прашања во својот прашалник. Како украинската администрација ќе ги одговара овие прашања кога е во војна? Или молдавската која е преплавена со бегалци од Украина?

Во процесот на кандидатура обично Европската комисија треба на терен во земји да испрати и експертски групи, повторно е тоа неизводливо моментално во Украина.

Останува опцијата за таканаречена “брза процедура“, односно итно на трите земји да им се додели статус на кандидат. Но, како што објаснува уредничката на Агенција Европа која со години го следи проширувањето на ЕУ, Ками Сериз Жесан, ова е далеку од едноставно.

-“Фаст-трак“ процедура не постои. Значи ќе треба да се најде ад хок процедура малку поразлична, во повелбите на ЕУ не постои можност за забрзана процедура. Првата етапа е да се направи темелна студија до каде е подготвена земјата која бара да биде кандидат, тоа само по себе бара време. Освен ако се оди кон признавање од типот “сметаме дека имаат европски аспирации и сите услови се исполнети“, таква варијанта гледам, политичка, вели Жесан.

Таа додава дека веќе е направен огромен чекор напред политички за Украина, Грузија и Молдавија.

-Ме потсетија дека до пред 15 дена не се признаваа “европските аспирации“ на овие земји во документите во ЕУ, се зборуваше за економска интеграција и слично, но не и за европски аспирации иако овие земји веќе сакаа да бидат членки на ЕУ. Така што фактот што за 15 дена преминавме на европски аспирации во заклучоците на Европскиот Совет во февруари по руската инвазија, и барање Европската комисија да произведе мислење, е огромен чекор. Важно е овие земји да разберат дека е ова вистински процес и дека други земји се веќе дел од тој процес, и, ужасно е ова да се каже, но фактот што една земја е во војна не значи дека повеќе ги исполнува условите од другите, вели уредничката на Агенција Европа.

Се разбира дека тука се поставува и прашањето: што со земјите од Западен Балкан кои се веќе во процесот со години и екстремно бавно напредуваат?

-Мислам дека се свесни дека не треба да се запостави Балканот. Кога Борел ги засилува силите на Алтеа во Босна, знаат добро дека Балканот не е имун на влијанија од надвор. Иако сега е војната во Украина главна, мислам дека треба да се внимава. Јуни, за преговорите со Северна Македонија и Албанија, е и блиску и далеку, треба да се види која ќе биде ситуацијата за три месеци. И мислам дека сите се надеваат дека ќе има договор меѓу Бугарија и Северна Македонија за да може да се оди напред, затоа што не може само да се трупаат земји во процесот за потоа да бидат блокирани поради проблем со една или друга земја членка на ЕУ. Така што со овие три нови земји кои пристигнуваат, добро е што ги има повеќе, но треба некои и да одат напред. Треба да се ревитализира процесот, одговара Жесан за МИА.

И секако тука се и Босна и Херцеговина и Косово кои воопшто не се земји кандидати сѐ уште, и каде ваква политички забрзана процедура може дополнително да создаде фрустрации, посебно со оглед на тоа дека Косово сѐ уште нема ниту визна либерализација, а пет земји членки не ја признаваат неговата независност.

Европската унија се соочува и со внатрешни предизвици по последните бранови проширувања кои до денешен ден не се решени.

-Пред неколку години интегриравме земји кои не беа целосно подготвени, дали е добра идеја да се интегрираат нови земји за кои ќе бидат потребни дополнителни механизми, како што е со Романија и Бугарија, или пак Хрватска со нерешено гранично прашање со Словенија? Иако секогаш се велело дека земја членка мора да ги има решено сите гранични прашања, го имаме и Кипар, и тоа редовно претставува проблем. Не може да се прави било што, има земји членки кои се веќе проблематични. Подобро е да влезат земји кои се реформирани, отколку да се примат земји кои воопшто не се подготвени, смета француската новинарка.

Од Европската комисија сега јавноста чека одговори околу процедурата, додека лидерите в петок во Париз ќе треба да се изјаснат околу политичкото значење на вчерашната одлука за разгледување на кандидатурите на Украина, Грузија и Молдавија, но според некои дипломати во Брисел, ниту оваа одлука не била донесена едногласно, што дополнително го усложнува носењето на одлука за кандидатски статус

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.