Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ: Без Кијив и Европејците не може да има одлука за Украина

0
By Zoran Ivanov on February 12, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министри за надворешни работи на неколку земји-членки на Европската Унија на денешниот состанок во Париз ја потврдија својата поддршка за Украина.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски изјави дека Полска ќе продолжи непоколебливо да ја поддржува Украина и да ги зајакне санкциите пред потенцијалните разговори со Русија. На состанокот на министрите за надворешни работи на Украина и нејзините сојузници во Париз, тој истакна дека продолжувањето на соработката со американската администрација останува важна.

Шефовите на дипломатиите на Шпанија, Германија и Франција денеска во Париз повторија дека ниту една одлука за Украина не може да се донесе без Киев и без учество на Европејците, во момент кога претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, се согласија на „непосредни“ преговори за Украина.

Нема да има праведен и траен мир во Украина без учество на Европејците, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро, додека неговите колеги, германската министерка Аналена Бербок и шпанскиот министер Хозе Мануел Албарес Буено, истакнаа дека „ниту една одлука за Украина не може да биде донесена без Украина“.

Станува збор за суверена земја со демократски избрана влада. Дополнително, ништо што влијае на европската безбедност – а руската агресија директно ја загрозува европската безбедност – не може да се реши без Европа, рече Албарес Буено.

Германската министерка Бербок повтори дека „нема одлука за Украина без Украина“ и нагласи дека Европа мора да остане обединета.

Министрите се состанаа во Париз на разговори за европската одбрана и ситуацијата во Украина, со учество на Франција, Германија, Полска, Шпанија, Италија, Велика Британија и Украина.

Овој состанок се одржа по телефонски разговор кој траеше повеќе од еден час меѓу претседателите на САД и Русија, при што според Белата куќа, двајцата лидери се согласија да започнат „веднаш“ преговори за завршување на конфликтот во Украина. Непосредно по разговорот со Путин, Трамп имаше разговор и со украинскиот претседател Володомир Зеленски.

 

еу украуина нема договр без еу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.