Министрите за надворешни работи го поддржаа германскиот предлог, кој се толкува како притисок, да ги одложи преговорите за членство со Турција за околу четири месеци, јавува Би-Би-Си.
ЕУ-Турција разговорите требаше да продолжат оваа среда.
Но, Германија, Австрија и Холандија ја критикуваа операцијата на Турција на анти-владините протести.
Турската полиција уапси најмалку 20 лица во главниот град Анкара денеска, осомничени за напад на полицијата за време на неодамнешните немири во Истанбул.