Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ по повод Меѓународниот ден на демократијата: Демократијата е основа на мирот, слободата и просперитетот

0
By Marija Todorovska on September 15, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската Унија ја потврдува виталната важност на почитувањето на демократските принципи, човековите права и владеењето на правото, признавајќи дека тие денес се поважни од кога било и се основа на нашите општества, соопшти Европската комисија по повод Меѓународниот ден на демократијата – 15 септември.

Демократијата се соочува со невидени предизвици низ целиот свет. Гледаме зголемена манипулација, странско мешање и дезинформации. Ова го поткопува пристапот до сигурни информации, како резултат на што се еродира довербата на јавноста во демократските институции и процеси, се наведува во заедничката изјава на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, извршната потпретседателка на Европската комисија за технолошки суверенитет, безбедност и демократија Хана Виркунен и еврокомесарот за демократија, правда и владеење на правото Мајкл Мекграт.

Тие посочуваат дека растечката поларизација ги доведува во прашање демократската дебата, учеството на граѓаните во демократските процеси, тешко стекнатите права, како и заштитата на маргинализираните групи.

Автократските наративи се стремат да ја ослабнат довербата во интегритетот на изборните процеси. Насилните конфликти ги дестабилизираат земјите и регионите и ја продлабочуваат несигурноста. Дополнително, намалувањето на буџетот за поддршка на демократијата на глобално ниво остава вакуум што авторитарните режими се желни да го искористат. Демократијата е основа на мирот, слободата и просперитетот и е темел на нашата Европска Унија, се додава во изјавата.

Според ЕК, демократијата останува најлегитимниот и најефикасниот начин за справување со предизвиците со кои се соочуваат европските општества и современиот свет.

Кога информираните граѓани се слободни смислено да се вклучат во обликувањето на политиката, сите имаат корист. Само демократијата може да гарантира дека основните права се зачувани и почитувани, се потенцира во изјавата.

Во неа натаму се додава дека ЕУ останува посветена на одбраната и промовирањето на демократските вредности, човековите права и владеењето на правото, како што е предвидено во основачките договори на Унијата и во меѓународното право.

Ќе ги поддржиме слободните и плуралните медиуми, слободните и фер изборни процеси и ќе ја заштитиме слободата на говорот преку обезбедување дека веродостојните, точните и непристрасните информации напредуваат, посочуваат Калас, Веркунен и Мекграт,

Во изјавата се нагласува и дека заштитата на демократијата во рамките на ЕУ и на глобално ниво е прашање поврзано со стратешки интереси на Унијата – зајакнувањето на безбедноста и одбраната на европските вредности.

 На овој Меѓународен ден на демократијата, ги повикуваме владите, организациите и поединците да ни се придружат во почитувањето на демократијата и основните права. Заедно, можеме да се справиме со предизвиците со кои се соочуваме и да ги одбраниме безбедните, стабилни и инклузивни општества, каде што демократските вредности напредуваат и граѓаните можат да се учествуваат слободни, се додава во изјавата на ЕК по повод Меѓународниот ден на демократија.

ЕУ меѓународен ден на демократија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
ФОКУС

Зеленски со драматичен говор: Ова се најтешките моменти во нашата историја

ВЕСТИ November 21, 2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска им се обрати на Украинците во видео порака во…

Потпретседателот на САД Венс за Украина: Трговија и културна размена наместо војна

November 21, 2025

Кијив: Зеленски го прими предлог планот на Трамп за дипломатско решение на конфликтот во Украина

November 20, 2025

САД имаат нов план за Украина – за Европоа е неприфатлив

November 20, 2025
ТИКЕР

Ново масовно киднапирање во Нигерија: Од католичко училиште грабнати уште 52 ученици

November 21, 2025

Растот на трошоците на домаќинствата во ЕУ лани речиси четири пати поголем отколку во 2023 

November 21, 2025

Астрономски цени на недвижности во Србија – речиси 10.000 евра за квадрат во „Београд на вода“, гаражно место достигнало 66.000 евра

November 21, 2025

Еврокомесарката Марта Кос во Тирана

November 20, 2025

Косово оди на нови избори: Османи потпиша указ за распуштање на Собранието

November 20, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.