НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ преспективата во „канџите“ на легалната победа

0
By Marija Todorovska on October 21, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија е веста што ги заокружува првите 3 месеци од владата на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова.

Детсан Јонузи / Фронтлајн.мк

„Има јаз меѓу легалната победа, и целосната легитимност на начинот на управувањето“.

Ова е заклучокот од изјавите за „Фронтлајн“ на познавачите на политичките збиднувања во земјава, зборувајќи за владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Христијан Мицкоски, како и за можноста за злоупотреба на легитимитетот стекнат во последниот парламентарен избори.

Ана Чупеска

– Легитимитетот е многу специфична категорија – која се однесува на оправданостa на определен начин на владеење. Од таа перспектива, како се управува/владее, е една работа, додека легалниот квантум на гласови од друга страна се друга работа. Во таа смисла, сметам дека има јаз меѓу легалната победа, и целосната легитимност на начинот на управувањето. Ова особено од аспект на тоа што сè беше ветувано, а што реално се случува, вели Ана Чупеска – универзитетска професорка за „Фронтлајн“.

Прво, додава таа, многу сум загрижена за европскиот пат на земјата, т.е. заглавеноста и не решавањето на ова клучно прашање за нашата иднина.

– Никој нема легитимитет и не може да има ексклузивно право да го попречува нашиот евроинтеграциски развој. Кога ќе се соопшти решението? До кога ќе чекаме? Второ, јавниот долг расте. Светска Банка минатата недела укажа дека побајаги сме загалавени … погледнете го нивниот наод. Трето, како да постои паралелизам во управувањето, меѓу ВРЕДИ и ВМРО. Постојано се демантираат со изјавите, и со постапувањето. Четврто, скандали има и со именувања на високи раководни функции, секојдневно, како последниот вразан за АНБ. Следствено, одговорноста за која се тврдеше дека ја има во изобилие кај Властите, изгледа заборавена е по пат…, анализира професорката.

Политичкиот аналитичар, Дритон Зенку истакна дека изборниот резултат на ВМРО-ДПМНЕ беше изненадувачки дури и за самата партија.

Според него, големите изборни ветувања беа меѓу главните причини за победата.

Дритон Зенку

– Кога партиите преминуваат од опозиција на власт, поминуваат извесно време со духот на изборните ветувања, за потоа да преминат на реалноста. Нереализираните ветувања се камуфлираат додека електоратот не се увери дека некои ветувања не можат да се остварат, како што беше прашањето за новото име на државата. За да се одржи кредибилитетот, неспроведливите ветувања се поместуваат на други приоритети. Онаму каде што се дава простор, се префрла вниманието, дури и привремено. 250-те милиони евра на Унгарија останаа во сенка на новите фондови на Европската унија за земјите од Западен Балкан. Речиси секоја земја се очекува да има корист од 1 милијарда евра. Тука пристапот се менува и се очекува да се одрази од владата на Скопје. Африм Гаши изјави дека внесувањето на Бугарите во Уставот не претставува никаква пречка за официјално Скопје, изјави Зенку за „Фронтлајн“.

За балансерот и многу други работи, анализира тој, ќе се најде решение, но тоа зависи од најповолните околности што ќе ги избере владата, со цел да се минимизира влијанието врз електоратот.

– Тие се цик-цаковите на власта, за да имаат корист во време и простор, подвлече тој.

Петрит Сарачини од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), во изјава за „Фронтлајн“, потенцира дека ВМРО ДПМНЕ на изборите доби поддршка и легитимитет од граѓаните, меѓу другото и со ветувањата дека нема да спроведе уставни измени „под бугарски диктат“.

Петрит Сарачини
Петрит Сарачини

– Од друга страна, клучна стратегиска цел на оваа влада е да бидеме полноправна членка на ЕУ, така пишува во нејзината програма. Нека кажат од владата, како планира да ја оствари оваа стратешка цел, без да ги усвојат уставните измени, што е неисполнета домашна задача што ни постави ЕУ уште од 2022 година?, прашува Сарачини.

Одвојувањето на Северна Македонија од пакетот со Албанија на патот кон интеграција во Европската Унија е веста што ги заокружува првите 3 месеци од владата на ВМРО ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.

Пред изборите, уставните измени беа услов за влез во Владата на албанските партии, но ВРЕДИ влезе во Владата давајќи 6-месечен простор да се постигне ова.

Нема сигнали дека истите можат да се направат. ЕУ одлучи да отвори преговарачки кластери само со Албанија, додека за условите дадени на Северна Македонија, Мицкоски рече НЕ, благодарам, продолжувајќи да не го прифаќа договорот со Бугарија, а излегоа и со идеја за „француски предлог плус“. Од друга страна, непочитувањето на уставното име Северна Македонија, неколку пати го изнервира јужниот сосед Грција.

Откако беше формирана оваа Влада, Европскиот фронт го оспори легитимитетот на ВРЕДИ, бидејќи тие влегоа во Владата иако имаа помалку пратеници од нив. Но, алибито на ВРЕДИ за ова беше дека тие се единствената албанска опција.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Ана Чупевска Дритон Зенику ЕУ Петрит Сарачини
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.