Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ самит: Балканската рута затворена за “нерегуларниот бран на мигранти”

0
By Светлана Јовановска on March 8, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ЕУ и Турција си оставија десет дена за да најдат финално и трајно решение за бегалската криза. Следниот самит е закажан за 17 и 18 март повторно со Турција.

Вчера, по долги преговори, ЕУ и Турција ставија на хартија неколку точки со обврски за двете страни.

Самитот испрати порака до сите мигранти и бегалци кои сакаат да одат во Европа дека економските мигранти ќе бидат вратени назад и барателите на азил треба да сфатат дека барањето за азил треба да го поднесат во Турција за можат, доколку барањето е прифатено, безбедно да бидат префрлени во земјите членки на ЕУ.

Не треба да се заборави дека на 13 март во Германија се одржуваат избори во три федерални држави. За Меркел ова е еден вид тест по кој ќе се види дали канцеларката се уште има поддршка за миграциските политики кои ги води. На прес конференцијата во Брисел таа решително рече дека самитските одлуки немаат никаква врска со изборите и додаде дека пред ЕУ стои уште многу работа.

Што се однесува со балканската рута, ЕУ го одби првичниот предлог за конечно затворање на овој пат на барање на Ангела Меркел. Но, во конечната верзија од самитот се вели «нерегуларниот бран на мигранти на патот на Западниот Балкан сега е затворен». Меркел сметаше дека конечниот прекин на овој пат не е одраз на реалноста на теренот бидејќи бегалците и понатаму ќе тргнуваат по овој пат па од тие причини е сменет речникот во овој пасус.

Хрватскиот премиер Тихомир Орешковиќ се обиде да објасни велејќи:

– Во принцип патот е затворен. И во принцип тој е исто така отворен. Во реалноста многу малку мигранти се уште тргнуваат по овој пат, рече Орешковиќ.

Турција рече дека е подготвена да го стави во погон билатералниот договор помеѓу Анкара и Атина за брза реадмисија на сите мигранти кои немаат потреба од меѓународна заштита и кои тргнуваат од Турција и одат во Грција и кон Балканот. Анкара исто така се обрвза да ги земе кај себе сите мигранти во нерегуларна ситуација кои минуваат преку турските води. Трошоците ќе ги плати ЕУ.

Освен тоа, за секој Сириец кој добил реадмисија во Турција од некој грчки остров, ЕУ треба да се обврзе да земе еден Сириец од Турција и да го смести во една од земјите членки.

Ова не му се допадна на унгарскиот премиер Виктор Орбан кој рече дека нема ова нема да го прифати. На оваа тема разговорот треба да продолжи на 17 март бидејќи многу земји членки не се согласуваат со овој предлог.

Понатаму, лидерите на ЕУ се договорија дека треба да се донесат храбри мерки за да затворат патиштата за шверцерите и нивниот нелегален бизнис. «Мораме да ја пресечеме врската која постои помеѓу минување на Медитеранот во чамци и сместувањето во Европа». Во тој поглед е важна акцијата на НАТО во Егејското Море која е веќе оперативна.

Турскиот премиер не замина за Анкара со празни раце. ЕУ му вети дополнителни 3 милијарди евра на веќе ветените 3 милијарди. Но во Брисел вети дека ниту еден цент нема да биде потрошен за турските граѓани туку дека станува збор за фер поделба на трошоците.

Анкара за возврат треба да добие безвизен режим најдоцна до јуни 2016 година а во најкус рок ЕУ треба да подготви и отвори нови поглавија со преговорите за членство на Турција во ЕУ. Да потсетиме дека Турција и ЕУ ги отворија овие преговори во 2005 година.

Лидерите на ЕУ потсетија дека на Грција мора итно да и се помогне и подготвуваат плик со 700 милиони евра хуманитарна помош. Дел од оваа помош за Грција се однесува на менаџирање на грчко-македонската и грчко-албанската граница и на центрите за прием каде што ќе се прават безбедносни контроли и идентификација. Со оваа помош на бегалците треба да им се обезбедат пристојни услови за периодот што го минуваат на границите.

Сето наведено треба да доведе до нормализирање на состојбата во Шенген зоната и нејзино нормално функционирање најдоцна на крајот на оваа година.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.