Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ самит: Остри критики на европските лидерите до Македонија

0
By Светлана Јовановска on December 15, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската унија повторно нема да отвори преговори со Македонија на Самитот на европските лидери кој на крајот на оваа недела се одржува во Брисел, дознава НОВА.

Но, ЕУ ветува дека на ова прашање ќе се наврати во 2015 година, во било кој момент, врз база на идните оценки на Европската комисија (ЕК) за опипливите реформски чекори во земјата и чекорите за решавање на спорот со името.

Министрите за надворешни работи на ЕУ утре, вторник, ќе го усвојат својот заклучок за Македонија и во кој се набројани реформите што се очекуваат од нашата земја за да може да се разговара за почеток на преговори за членство.

ЕУ изразува “сериозна загриженост поради растечката политизација на државните институции и растечките недостатоци во однос на независноста на судството и слободата на медиумите”, се вели во заклучокот што на крајот на неделата треба да го усвојат европските лидери на својот самит.

Самитот исто така ќе заклучи дека “неуспехот да се постигнат овие цели ја нарушува трајноста на реформите” и додава дека од Македонија се бара “брзо да превземе одлучна акција за решавање на овие проблеми”.

ЕУ смета дека “политичката криза помеѓу владата и опозицијата покажала потреба за поконструктивен и инклузивен политички дијалог” и додава дека одговорноста за тоа паѓа на владата и на опозицијата кои мораат да обезбедат политички дијалог кој треба да се води во Собранието.

Меѓутничките односи во Македонија исто така не се оценети со висока оценка. ЕУ смета дека е потребно да се изгради поголема доверба помеѓу заедниците а “ревизијата на Охридскиот договор треба брзо да биде комплетирана и нејзините препораки спроведени”.

Се разбира, ЕУ потсетува на потребата да се реши спорот со името за што е “потребна силна акција”. “Потребно е долгорочните дискусии за проблемот со името да бидат без одлагање доведени до конечен исход”, ќе ни порачаат лидерите на ЕУ.

Во доменот на добрососедските односи ЕУ бара исто така високите средби помеѓу Македонија и Бугарија да вродат со конкретни акции и резултати.

Лидерите на ЕУ ја прифаќаат оценката на Европската комисија (ЕК) која во октомври заклучи дека “политичките критеруми се доволно исполнети поради кумулативниот напредок” и бележи дека ЕК ја повторила препораката за старт на преговори за членство со Македонија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.