Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„ЕУ со ТЕБЕ“ во Југозападниот плански регион

0
By Ivana on December 17, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија и заменик амбасадорот Џулијан Васало денеска ќе го посетат Југозападниот плански регион.

– Прва станица ќе биде општина Кичево, со посета на градоначалникот Фатмир Дехари и министерот за здравство Венко Филипче на Општата болница, каде што е обезбеден скенер за компјутерска томографија (КТ) од Европската Унија. Следна станица ќе биде болницата „Свети Еразмо“ во општина Охрид каде на амбасадорот Гир, министерот Филипче и на холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп ќе им биде претставен апаратот за магнетна резонанца (МРИ) набавен од Европската Унија. Амбасадорот Гир заедно со градоначалникот Кирил Пецаков попладне ќе ги посетат просториите на поранешната армиска касарна каде што ќе биде сместен центарот за паметни иновации со поддршка од ЕУ, информираат од Делегацијата на ЕУ.

Како што посочуваат, посетата „ЕУ со ТЕБЕ“ на Југозападниот плански регион вклучува први средби на амбасадорот Гир со новоизбраните градоначалници на Кичево и Охрид, Фатмир Дехари и Кирил Пецаков, како и посети на проекти финансирани од ЕУ во двете општини.

– ЕУ и испорача медицинска опрема во вредност од 3,7 милиони евра на Северна Македонија за справување со здравствените закани, додека скенерот за компјутерска томографија (КТ) во Кичево и апаратот за магнетна резонанца (МРИ) во Охрид ќе бидат во корист на целиот Југозападен плански регион. Амбасадорот Гир, министерот Филипче и амбасадорот Коп ќе дадат изјави за медиумите во врска со ова медицинска опрема финансирана од ЕУ, посочуваат од европската делегација во нашата земја.

Гир и Васало дополнително ќе бидат запознаени со идниот центар за паметни иновации за кој штотуку беше доделен грант од 0,6 милиони евра на општина Охрид во рамките на програмата „ЕУзаопштините“.

Идниот центар ќе биде лоциран во една од шесте згради со индустриска архитектура на периферијата на Охрид (поранешна армиска касарна) – област што се регенерира за да ја поттикне локалната економија преку привлекување на посетители, иновативни бизниси и млади луѓе.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.