Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ социјалисти: Доаѓаме да видиме дали се почитува правото на мирен протест

0
By Светлана Јовановска on May 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групата на социјалистите од Европскиот парламент подвлекува дека синоќешните оставки во Владата мораат да бидат дел од широк одговор кој треба да ја врати довербата во институциите и да дозволи обнова на политичкиот дијалог и најавуваат присутво на протестот на 17 мај за да видат дали се почитува правото на мирен протест во Македонија.

Групата порачува дека нејзиното учество на протестот во недела е знак за поддршка до народот во неговата борба за повеќе демократија и транспаренто политичко владеење.

Социјалистите порачуваат дека се загрижени поради законските заканите упатени до лидерот на СДСМ и неспособноста на државата да реагира и делува по обвинувањата од снимките што ги објавува опозициската партија но и поради настаните во Куманово.

По настаните од минатата недела кога анти-владиниот протест стана насиле и по настаните во Куманово, европските социјалисти повикуваат на смиреност и воздржаност.

Германецот Кнут Флекенштајн вели дека со учеството на протестот социјалистичката група од ЕП “сака да покаже солидарност со нашата сестринска партија и со сите луѓе во земјата кои се залагаат за слобода на говорот и слободата на мирен протест” и додава дека сите обвинувања за малверзации треба да бидат независно истражени.

Ричард Ховит, еден од тројцата олеснувачи за решавање на политичката криза, вели дека лично ќе биде присутен на 17 мај на протестот:

“Во длабоката политичка поделеност на земјата и нашите вистински напори со добра волја да помогнеме тоа да се надмине, јас самиот сакам да видам дали правото на мирен и демократски процес целосно се почитува и да ги слушнам гласовите на сите оние кои велат дека во моментов се исклучени од демократската дебата. Се надевам дека нашето присуство ќе промовира мирна атмосфера по насилствата од минатата недела и испраќам силен сигнал од Европа и целата меѓународна заедница дека актуелните настани не смеат да доведат во меѓуетничко насилство во земјата која за нас е партнер”, вели Ховит.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.