Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЕУ социјалистите бараат објективно медиумско покривање на “Пуч”

0
By Светлана Јовановска on February 2, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европските социјалисти со голема загриженост гледаат што се случува во Македонија и обвинението против Зоран Заев за шпијунажа и закани против владини официјални лица.

Социјалистите велат дека сето тоа се случува една недела пред Заев да ги објави доказите за распространето прислушкување и изборен фалсификат од страна на македонската влада.

«ЕУ веќе искажа критика за актуелната влада и овие обвинувања се индикативни за она што може да се опише како «селективна правда и зајакната политизација», рече престедателот на европските социјалисти Сергеј Станишев.

Тој вели дека земјата постојано е предупредувана, од ЕУ и од ОБСЕ кои бележат дека избирачите биле заплашувани и за индиректната контрола на владата врз медиумите за време на изборите во април.

Во здрава демократија, вели Станишев, опозицијата треба да може да ја работи својата работа во целосна слобода и без било какви рестрикции: «СДСМ одби да учествува во работата на Собранието по изборите бидејќи не можат да работат слободно под вакви услови кои личат на авторитаризам. Оттука императив правната држава, поделбата на власта и независноста на судството да бидат целосно почитувани во овие обвинувања».
Реакција стаса и од групата на социјалистите во Европскиот парламент. И тие искажуваат сериозна загриженост опишувајќи како премиер во саботата на телевизија го обвинил лидерот на опозицијата за шпијунажа и закани против високи функционери со што го загрозил уставниот ред.

Реакцијата ја потпишуваат Кнут Флекенштајн, потпредседател на социјалистичката група и Ричард Ховит, поранешен известувач за Македонија во Европскиот парламент.

Двајцата, во име на социјалистите, велат дека се загрижени поради политичкото влијание врз судски процеси и селективната правда. Повикуваат на независна и транспаретна истрага за обвинувањата со тоа што треба да се земат во предвид сугестиите за зајакнување на правната држава дадени во извештајот на Европската комисија.

«Слушнавме контрадикторни изјави од премиерот и министерството за внатрешни работи: тој вели дека осомничените веќе се обвинети додека а другата изјава вели дека обвинителството се уште разгледува што да направи».

Ховит и Флекенштајн забележуваат исто така дека медиумите што го контролира владата не ја емитувале прес конференцијата на Заев кој на неа одговорил на обвинувањата: «Оттука ја повикуваме владата да обезбеди објективно и транспаретно медиумско покривање за обвинетите за време на истрагата. Тоа е минимумот за да можат да се бранат пред јавноста», велат социјалистите од Европскиот парламент.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.