Ембаргото за оружје за сиријските бунтовници на Европската унија завршува на крајот од месецов, но за една година се продолжуваат финансиските и економските санкции против режимот на претседателот Башар ал- Асад, одлука по долгата, 12- часовна дебата на шефовите на дипломатиите на ЕУ, во Брисел, јавува Би-Би-Си.
-Европската унија се согласи да го запре ембаргото за оружје за сиријската опозиција и да ги задржи сите други санкции против сиријскиот режим. Ваков исход посакуваше Британија и мислам дека тој е исправен, изјави шефот на британската дипломатија Вилијам Хејг кој додаде дека се уште не била донесена никаква одлука за снабдување со оружје на бунтовниците.
Покрај Британија, за укинувањето на ембаргото беше и Франција, додека другите земји сметаа дека таквиот чекор ќе води до поголемо крвопролевање и до опасност оружјето да дојде до рацете на екстремистите.