Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еурактив: Понижување на Европа 

0
By Zoran Ivanov on February 15, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По сите најави во последните години околу „стратешката автономија“ и геополитичкото влијание на ЕУ, оваа недела и официјално видовме колку навистина Европа е мала на глобалната сцена, се наведува во коментар на бриселскиот портал „Еурактив“ во врска со последните случувања околу Украина.

Според авторот на коментарот, колку е Европа мала, станува јасно ако се види кому американскиот претседател Доналд Трамп не му се јави оваа недела: на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, на францускиот претседател Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц, па дури ни на италијанската премиер Џорџа Мелони, која наводно „е единствениот голем европски лидер што му се допаѓа“.

– Причината е јасна: тој ни не мора. Трамп може да склучи договор со (рускиот претседател) Владимир Путин за Украина, со или без остатокот од Европа. Се што сака од Европејците е да испратат и да платат мировници, што тие неминовно и ќе го направат. Па зошто воопшто да се мачиме да разговараме за тоа?, се наведува во коментарот.

Во текстот се додава ова покажува оти нема ништо ново околу зависноста на Европа од американскиот безбедносен чадор, како што впрочем е и „во поголемиот дел од нашите животи“.

– Сепак, никогаш досега Европа не дозволила да биде ставена на поводник од американската администрација и да парадира наоколу како кучка со педигре. Токму тоа се случи за време на настапот на американскиот државен секретар Пит Хегсет во седиштето на НАТО. За само неколку минути, Хегсет ја згасна сета преостаната надеж на Европа дека би можела да има некаква улога во дискусијата за иднината на Украина, се наведува во текстот.

Според авторот на коментарот, пораката на Хегсет накусо може да се резимира дека нема гаранции за границите на Украина од пред 2014 година, нема членство на земјата во НАТО и нема учество на Алијансата во мировните сили.

– Мировните разговори ќе започнат „веднаш“, според Доналд Трамп. Додека Украина најверојатно ќе биде поканета, Европа најверојатно никаде ќе ја нема. Украина ќе биде „фрлена по реката“, а Европа може да седи на брегот и да гледа. Примамливо е да се каже дека Европа треба да „размисли за своите опции“. Но, тажната реалност е дека ги нема. И сите, особено Трамп и неговите послушници, го знаат тоа, се заклучува во коментарот на „Еурактив“.

 

еуроактив европа понижување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.