Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Еурокомпозит“ пред решение: Државата ќе им ги исплати заостанатите придонеси за 7 години

0
By Нова ТВ on June 11, 2019 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата предложи, а работниците на загубарот „Еурокомпозит“ прифаќаат државата да им ги исплати заостанатите придонеси за околу седум години од речиси два милиона евра, а тоа да биде валоризирано со закон. Инвеститорот е најден кој ќе даде 1,5 милион евра, но со тие пари ќе се занимава за исплата на хипотекарниот долг на компанијата кај Стопанска банка Битола и преку активен стечај да се реорганизира компанијата.

Ова е епилогот од вчерашната средба на работниците прогласени технолошки вишок со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Владата, а поддршката за решавањето на проблемот ја добија и од претседателот Стево Пендаровски по нивната вчерашна претпладневна средба со него. Ова, сметаат работниците е охрабрувачко за конечно решавање на долгогодишниот проблем со наменската фабрика.

Според Цветан Бунтески од Иницијативниот одбор на работниците прогласени технолошки вишок денеска сите се собраа за да ја дадат согласноста за планот.

– Речиси цела недела бевме пред Владата со шатори. Вчера се случи пресврт во разговорите и во решавањето на нашиот проблем. Прво, во претпладневните часови се сретнавме со претседателот Стево Пендаровски кој ни даде поддршка, без разлика што нема ингеренции, но тоа ни значеше многу. На попладневната средба во Владата се сретнавме со вицепремиерот Кочо Анѓушев и со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески чии заложби многу ни помогнаа, како и со владини претставници. Денеска се собравме со работниците да го прифатиме тој план, да пратиме повратна информација до вицепремиерот за да почне постапката со закон пред Собранието, рече Бунтески.

Имено, додаде, ни беше ветено во целост придонесите да се исплатата кои се за околу седум години и не се малку, околу два милиона евра.

-Тоа ќе оди преку закон кој треба да го донесе Собранието. Постапката ќе оди еден до два месеца. Ние треба да ја пратиме повратната информација дека се согласуваме и да се почне постапката за законот во Собранието. Инвеститорот, ни рекоа е најден. Се очекува во секој момент да ги вложи средствата. Од тие пари да се намири долгот спрема Стопанска банка Битола, зашто компанијата е врзана како хипотека во Банката. Останатите пари да се поделат на вработените и на доверителите кои, според пресметките ќе добијат по 33 проценти, објаснува Бунтески. Инвеститорот ќе даде околу 1,5 милиони евра, а подмирувањата во банката се околу 1,1 милион евра.

Исплатата на придонесите ги опфаќа сите, околу 300 работници, од кои 154 се технолошки вишок, како и и пензионираните и 60-ината кои се се уште вработени во компанијата.

Планот го прифаќаат и тие 60-ина вработени,  вели Роберт Богданоски претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“

– Изутрината имавме состанок со вработените и со овој план тие целосно се согласуваат, рече Богданоски.

Лазар Ангелески, претставник на гранковиот синдикат СИЕР смета дека работите конечно тргнале на подобро.

-Може да изразам задоволство од она што вчера се случи по двегодишни јалови преговори. Сметаме дека работата тргна на подобро. За да не се продолжува агонијата на фирмата, конечно се предлозите од претставниците на Владата кои значат откочување на работите. Имено, фирмата се реструктуира, односно со еден активен стечај да се прекине слободниот пад на фирмата. Инвеститорот да вложи 1,5 милиони евра за обврските на хипотекарниот долг во Банката и обврските на сите доверители кои ќе се намируваат подеднакво, преку план за реорганизација. Ова и плаќањето на придонесите со законско решение е единственото решение во интерес на работниците и на фирмата, вели Ангелески.

Што се однесува до отпремнините за 154-ицата работници прогласени технолошки вишок кои се околу 200.000 евра ќе се разговара со премиерот и вицепремиерот, навестува Пеце Велјаноски од Иницијативниот одбор на работниците прогласени за технолошки вишок.

-Како недокажано висат отпремнините за 154-ицата работници од околу 200.000 евра. Се надеваме дека ќе се најде решение со вицепремиерот и со премиерот Заев со кого деновиве имаме закажано средба. Мислам дека ќе се изнајде решение и еднаш за секогаш да биде затворено ова прашање со „Еурокомпозит, изјави Велјаноски.

Протестите на работниците се ставени во мирување и ќе се чека исходот од договореното.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
ФОКУС

Кијив: Двајца украински министри поднесоа оставки поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 12, 2025

Поради корупциски скандал во енергетскиот сектор, министрите за правда и енергетика на Украина поднесоа оставки…

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

November 12, 2025

Марш на Ангелите в сабота во Скопје  – родителите ги повикуваат скопјани овојпат масовно да им се придружат

November 11, 2025

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

November 10, 2025
ТИКЕР

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025

Несреќа на брегот кај Либија: 42 мигранти се водат за исчезнати, стравувањата се дека се удавиле

November 12, 2025

Раст на просечната годишна плата во ЕУ во 2024 година за 5,2 отсто 

November 12, 2025

Њујорк тајмс: Единствениот внук на Џон Ф. Кенеди влегува во политиката

November 12, 2025

Земјотрес од 5,2 степени по Рихтер го погоди Кипар

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.