Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еве каде се парите!

0
By Нова ТВ on May 10, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во 2012 година 36-те најголеми суверени или државни финансиски фондови, или фондови на добра, располагаа со вкупно богатство од 5 билиони (илјади милијарди) долари. На листата доминираат фондовите чии пари потекнуваат од нафта и гас.

Нешто над 57 отсто од овие 5 билиони долари потекнуваат токму од експлоатација на овие два енергенси.Азија е најголем регион според вкупната вредност на овие фондови, зашто 40,5 отсто парите потекнуваат оттаму, а на второ место е Блискиот Исток од каде што потекнуваат 35,6 отсто од парите.

Првиот суверен финансиски фонд беше основан во 1953 година од парите од извадената нафта во Кувајт и тој е создаден уште пред земјата да се стекне со независност од Велика Британија. Овој фонд сега вреди 300 милијардидолари и е на седмо место на долниот графикон. Од 2000-тата година наваму бројот на суверени финансиски фондови се зголеми драматично.

Катарскиот инвестициски фонд, Qatar Investment Authority, е основан во 2005 година и се наоѓа на 12-то место со 115 милијарди долари. Како што се забележува, станува збор за огромни пари и со оглед на контактите на актуелната власт со катарските шеици, единствено нешто што можеше да им се понуди беше удел во ЕЛЕМ од 49 отсто зашто ниедна друга можна зделка во земјава не е толку голема за да ги задоволи апетитите на волку голема инвестициска институција.

Во земјава, инаку, има само неколку компании со добивка од над 10 милиони евра, од кои најголем дел се банки, а и поголем дел од овие нив веќе се во мнозинска сопственост на странци. Ова значи дека некој од овие фондови малку е веројатно директно да дојдат во Македонија. Она што може да се очекува, евентуално, е нивните пари да дојдат преку посредници што успеале да ги убедат менаџерите на овие фондови да им ги дадат за понатамошно инвестирање.

(Графикон: Sovereign Wealth Fund Institute, од официјални државни извори)

* Вклучени се парите од Стабилизациаскиот нафтен фонд на Русија

** Проценка
 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
ФОКУС

Копенхаген: Европските лидери се „договорија“ за ништо

ВЕСТИ October 2, 2025

Европските лидери во Копенхаген, Данска, цел ден расправаа за безбедноста на континентот но без конкретни…

Париз: Синдикални протести низ цела Франција – се бараат и повисоки даноци за богатите

October 2, 2025

Лидерот на военото крило на Хамас во Газа Дин ал-Хадад го отфрлил планот на Трамп за прекин на војната во енклавата

October 2, 2025

Штрајк со глад започнаа дел од грчките активисти од флотилата „Глобал Сумид“, кои се задржани од израелските власти

October 2, 2025
ТИКЕР

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

October 2, 2025

Падна скеле – 36 загинати и над 200 повредени во Етиопија

October 2, 2025

Дојави за бомби во училишта низ речиси цела Србија

October 2, 2025

Досега регистрирани 72 жртви од силниот земјотрес на Филипини

October 2, 2025

Во Бронкс се урна дел од високо катница – се сомнева на експлозија од гасен уред или систем

October 1, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.