Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Што бараат пратениците од ВМРО ДПМНЕ кои гласаа „ЗА“

0
By Нова ТВ on October 20, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Групата пратеници од опозициската ВМРО ДПМНЕ кои се одлучија да гласаат за уставните измени во Собранието, доставија писмо со нивни барања.

Нивното писмо го пренесуваме во целост:

Тргнувајќи од правото, стремежот и неопходноста македонскиот народ да си го зачува сопствениот идентитет, јазик и култура и затварањето на македонското прашање еднаш засекогаш во корист на македонскиот народ со што ќе се стави крај на сите соништа за големи држави, кои имаат за цел да го загрозат територијалниот интегритет и суверенитет на македонската држава и македонскиот народ;

Потенцирајќи ја неопходноста од градење на граѓанско општество и еднаквост на македонскиот народ и сите останати народи кои живеат во Република Македонија, доследна примена на Охридскиот рамковен договор и грижа и уважување на правата на сите заедници во нашата татковина;

Реализирајќи ја обврската за надминување на состојбата на длабока поделеност во општеството, особено длабоката поделеност на македонското национално ткиво;

Водејќи се од обврската на македонското национално единство и победувајќи ги засекогаш концептите на ваша и наша Македонија, поделбите на предавници и патриоти кои доведоа до тоа брат на брат да тргне, да се растураат семејства, судбини, и да се побели македонското национално ткиво до тој степен како да станува збор за два различни и спротиставени народи, до степен брат брата да мрази и напаѓа и македонецот да крене рака на македонецот;

Живеејќи со верба Македонија да стане економски просперитетна и напредна европска демократија на слободни и рамноправни граѓани, ослободени од било каква дискриминација;

Имајќи во предвид дека е неостварливо очекувањето Република Македонија да стане полноправна членка на НАТО и ЕУ без решавање на спорот со Република Грција, а особено фактот што Република Грција нема да дозволи влез на Република Македонија во НАТО и ЕУ под уставното име, како и фактот што сите изјави на релевантните меѓународни преставници се во правец на тоа дека членството на Република Македонија во овие организации е можно само со целосна имплементација на договорот од Преспа;

Поаѓајќи од фактот што позициите на Република Македонија во преговорите за проблемот што Република Грција го има со уставното име на Република Македонија се неповратно загубени и не може да се очекува во иднина Република Македонија да се стекне со подобри позиции ниту да издејствува подобар договор од веќе потпишаниот договор од Преспа;

Ние, група пратеници со верба во Македонија и нејзината иднина, целосно свесни за историскиот момент и одговорност пред минатите, сегашните и идните генерации

ПРЕДЛАГАМЕ

Да се пристапи во наредната, но не и конечна фаза, на дискусија по уставните амандмани, само под следните услови од чие исполнување ќе зависат и нашите идни ставови и нашата конечна поддршка за Уставните измени:

  1. Прифаќање на амандман на Уставот со кој ќе се гарантира македонскиот идентитет
  2. Прифаќање на одредба на Уставот со која ќе се гарантира дека доколку Република Грција не го ратификува договорот и повторно ги попречува евро-атлантските интеграции на Република Македонија, ќе има безусловно поништување на сите прифатени уставни амандмани кои произлегуваат од имплементацијата на договорот од Преспа
  3. Постепена промена на името за внатрешна употреба, следејќи го процесот што води кон полноправно членство на РМ во ЕУ
  4. Прифаќање на иницијативата на Претседателот на Владата на Република Македонија г. Зоран Заев искажана на 61-та седница на Собранието на Република Македонија на 15 октомври 2018 год., за простување во врска со настаните на 27 април 2017 год. во Собранието на Република Македонија и сеопфатно национално помирување, со формирање на собраниско тело составено од шефовите на пратеничките групи, тројца пратеници и Претседателот на Собранието на Република Македонија кои ќе изготват и предложат до Собранието план за национално помирување

 

Пратеникот Зекир Рамчиловиќ кој гласаше за отворање на постапката за уставни измени, веднаш по гласањето испрати соопштение преку здружението АВАЗ.

– Република Македонија се наоѓа во исклучително тежок период. Најголемата одговорност за ваквата ситуација ја има власта предводена од СДСМ која веројатно со добри намери направи големи грешки во преговарачкиот процес со Република Грција и не доведе во ситуација од која и покрај лошиот договор не смееме да се враќаме назад. Односно, ситуација во која секое враќање назад би предизвикало далеку поголеми штетни последици врз Република Македонија и нејзините граѓани отколку започнувањето на процесот за уставни промени. Поради тоа дел од пратениците на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ донесоа тешка, но пред се одговорна одлука со која ќе гласаат за потребата од започнувањето на процесот за уставни промени, но со одредени барања и услови кои и се познати на јавноста.

Здружението АВАЗ ја поддржува ваквата одлука и смета дека предлозите се добра основа за постигнување на заеднички прифатливо решение со кое ќе се обезбеди национално помирување и ќе се продолжи кон побрзо интегрирање на Република Македонија во ЕУ и НАТО. Здружението АВАЗ во работењето целосно е посветено на подобрување на положбата на Бошњаците и на сите македонски граѓани и така и ќе продолжи во наредниот период, а ова е и чекор во тој правец, се вели во соопштението од здружението АВАЗ, испратено од пратеникот Рамчиловиќ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.