Референдумот на кој Хрватите ќе гласаат за тоа дали бракот во Уставот да биде дефиниран како заедница исклучиво меѓу маж и жена, деновиве во Хрватска предизвика лавина реакции во јавноста.
Здружението „Во име на семејството“, за кое некои медиуми истражуваат кој е всушност финансиер, собра околу 700 илјади потписи, што според Владата се доволен број за распишување на референдумот.