Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евентуално одложување на пописот само по препорака на Комисијата, почитувањето на Протоколот гарантира заштита

0
By Нова ТВ on March 19, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До евентуално одложување на пописот може да дојде само доколку за тоа даде препорака Комисијата за заразни болести, таквата одлука не е во делокруг на Државниот завод за статистика, кој во моментов се раководи според постоечкиот оперативен план.

Ова во интервју за МИА го порача директорот на ДЗС, Апостол Симовски во врска со можноста теренското попишување, кое треба да почне на 1 април, да се одложи поради растот на новозаболените од Ковид-19 изминатиот период.

-Оваа одлука не е на Државниот завод за статистика. Доколку Комисијата за заразни болести оцени дека состојбата е таква и им препорача на Кризниот штаб и Владата и се донесат соодветни одлуки за одложување на пописот, ние ќе ги почитувани сите донесени одлуки. Засега се раководиме според постоечкиот оперативен план, истакна Симовски за МИА.

Тој уверува дека мерките содржани во Протоколот, доколку максимално се почитуваат гарантираат заштита и на попишувачите и на населението.

-Протоколот е темелно подготвен и ги опфаќа сите мерки што можат да се преземат во сите фази од подготовките и спроведувањето на пописот. Сметаме дека со максимално почитување на пропишаните мерки ќе се обезбеди заштита и на учесниците и на целокупното население. Сепак, останува на совеста и свеста на секој од нас да ги почитуваме сите пропишани мерки, бидејќи само на тој начин можеме да се заштитиме и себе си и тие околу нас, порача директорот на ДСЗ во интервјуто за МИА.

Доколку постојат услови, треба да се користи секоја можност за попишување во двор, на тераса, веранда, со задолжително носење на заштитна маска (КН95) и растојание од најмалку 1,5-2 метри.

Ова го содржи Протоколот за превентивни мерки при спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021 година, кој беше усвоен од Владата на 2 март, на предлог на Комисијата за заразни болести.

Мерките за теренското попишување предвидуваат и задолжително носење заштитна маска (КН95) во домаќинствата и за целото времетраење на попишувањето, задолжително одржување на пропишаната дистанца од 1,5-2 метри, забрана за вадење, поместување и менување на заштитната маска за цело времетраење на попишувањето во домот.

Протоколот содржи и забрана за пиење и јадење за цело времетраење на попишувањето во домот, предвидено е користење на средства за дезинфекција на рацете пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството, надворешна дезинфекција на лап-топот пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството, пред влегување во домаќинството задолжително попишувачот да стави каљачи на обувките.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, пак, на став дека дали ќе одржи пописот или не, на кој начин ќе се одржува е политичка одлука, а не на Комисијата за заштита од заразни болести. Тој завчера на прес-конференција истакна дека Комисијата го изготвила Протоколот и тој е доставен до Министерство за здравство и до ДЗС.

–Во самиот дом кај семејството што се попишува, дали се работи за стан, куќа, индивидуално, и дали може да се спроведува попис со одредени епидемиолошки параметри коишто се однесуваат на превенција, тоа значи задолжително носење на заштитна маска за попишувачот и лицата кои ќе бидат попишани, дистанцата која треба да се одржува, користење на заштитна маска, користење на дизенфекциски средства, дистанца од повеќе метри, вклучително и дистанца која што треба да се спроведува и во надворешни услови, појасни Караџовски.

Дел од граѓаните стравуваат да ги пуштат попишувачите дома поради зголемениот број на заразени, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара одложување на пописот за септември. Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, пак, попис во април ќе значи 2400 мртви поради корона. Повикувајќи се на кажувања на СЗО, Николоски завчера за Сител изјави дека едно лице кога ќе заболи додека открие дека е болно заболува најмалку 9 лица.

Во меѓувреме преку апликцијата за самопопишување на дијаспората заклучно со вчерашниот ден евидентирани  се вкупно 77 122 лица.

Симовски за МИА истакна дека просекот од 4500 лица дневно евидентирани преку апликацијата за самопопишување на лицата во странство не е мала бројка.

-Просекот од 4.500 самопопишувања дневно воопшто не е мала бројка со оглед дека попишувањето трае до 21 април. Ги следиме иницијативите што се преземаат преку социјалните медиуми за поттикнување или одбивање на самопопишувањето и соодветно реагираме преку нашите официјални канали на социјалните медиуми. Исто така, и Министерството за надворешни работи презема опсежни активности преку дипломатско-конзуларните претставништва за комуницирање на пораките за поттик и охрабрување на сите македонски државјани во странство да се попишат, истакна Симовски.

Процесот на самопишување почна на 1 март и ќе трае до 21 април, а преку апликацијата се попишуваат македонските државјани кои престојуваат во странство, поради работа или други лични причини, до и подолго од 12 месеци. Од 1 март се попишуваат и дипломатите и нивните семејства, а од 1 до 15 март се попишуваа лицата што се наоѓаат во служба на Армијата на РСМ, во државата или во странство, лицата што се наоѓаат во притвор или на издржување казна затвор во затворите, казнено-поправните установи и воспитно-поправните домови, како и лицата бездомници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025

Трамп испраќа војници во Портланд за да го заштити од Антифа

September 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.