Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврејската заедница е згрозена и навредена од името со кое е именуван клубот при културниот центар на Бугарите во Битола

0
By Mirjana on April 18, 2022 ПОЛИТИКА
Foto: Alsat M
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Еврејската зедница и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија се згрозени и навредени од името на новиот културен дом во Битола, кој носи име на потврден фашист и близок соработник со нацистите, стои во соопштението од оваа заедница лиферувано до медиумите.

На 16.04.2022 година, Шабат и прв ден Песах, ден кога Евреите од целиот свет го слават празникот за ослободување од египетско ропство, највисоките бугарски претставници на власта – премиерот Кирил Петков, потпретседателот на државата Илијана Јотова, министерот за надворешни работи Теодора Генчовска, поранешниот министер за надворешни работи Захариева, и други, официјално го отворија бугарскиот културен центар “Ванчо Михајлов“ по името на докажан фашист, соработник на Павелиќ, Мусолини и Адолф Хитлер.

Овој чин претставува навреда за Евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа. Чин со којшто се загрозува мултикултурализмот. Класичен пример за непочитување и искривување на историјата. Еклатантен обид во таканаречената „заедничка историја“ на која инсистира Бугарија, таа да се претстави како ослободител, а не како фашистички окупатор кој во
центарот за убивање Треблинка депортира 7.144 македонски Евреи или 98% од
еврејската популација во тоа време. Обид да се минимизира улогата на Р. Бугарија во холокаустот и окупацијата на Македонија, се наведува во соопштението.

Искривување на фактите од европската и светска историја за Втората светска војна. Чин којшто не е во духот на добрососедските односи помеѓу Северна Македонија и Бугарија. Ние, наследниците на преживеаните од холокаустот нема да ги премолчуваме ваквите појави и бараме итно и неодложно:

– Во Собранието да се донесат измените на кривичниот закон, иницирани од Еврејската заедница во 2017 година, со кои ширењето на антисемитизмот, негирањето и искривувањето на холокаустот, глорификација на фашизмот и нацизмот, како и употреба на нивните симболи и поздрави да бидат казниви со закон;
– Да се поведе постапка околу правната издржаност културни и други центри, граѓански здруженија итн. да носат имиња по потврдени фашисти и докажани соработници на нацистите;
– Владата на Р. Бугарија да се извини за злосторствата и холокаустот направени од нивните претходници за време на Втората светска војна;
– Европската Унија и Европскиот парламент да го осудат ваквото поведение на Р. Бугарија.

Ние, Евреите од Република Северна Македонија, како и бројни македонски граѓани , имаме многу пријатели од Р. Бугарија, со којашто сакаме како соседи да живееме во мир и благосостојба. Фашистичкото минато на Бугарија под водство на цар Борис III и останатите докажани нацисти од врвот на власта на Царска Бугарија во Втората светска војна не смеат да претставуваат пречка во градењето добрососедски односи втемелени на взаемна почит, пријателство и доверба.

Денешницата не смее да биде жртва на историјата, како што и иднината не смее да биде жртва на вистината, се наведува во соопштението од еврејската заедница во земјава.

ЕВРЕЈСКА ЗАЕДНИЦА СО РЕАКЦИЈА ЗА ИМЕНУВАЊЕТО НА КЛУБОТ „ ИВАН МИХАЈЛОВ“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
ФОКУС

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

ВЕСТИ October 12, 2025

Блокади во Кочани. По, синоќешниот редовен протест во рамки на „Марш за ангелите“, денеска најава…

Најмалку 20 лидери ќе присуствуваат на мировниот самит за Газа во Египет

October 12, 2025

Тел Авив: Аплауз за Трамп, свирежи за Нетанјаху

October 12, 2025

18 килограми злато или 1.8 милиони евра е пленот на вооружените разбојници од златарницата во Гостивар

October 11, 2025
ТИКЕР

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025

Норвешкиот Нобелов институт ќе испитува дали имало протекување на информации во врска со името на овогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир

October 11, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.