Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

0
By Zoran Ivanov on September 2, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вкупно 70 отсто од македонските граѓани го подржуваат членството на земјата во Европската Унија, при што од зачленувањето очекуваат придобивки како што се отворени граници, слободна трговија и подобар квалитет на животот, покажуваат резултатите од најновото истражување на Евробарометар посветено на процесот на проширување на ЕУ.

На прашањето „Кога сметаат дека Северна Македонија ќе стане земја членка на ЕУ“, 27 отсто одговориле „во следните пет години“, 35 проценти „за пет до 15 години“, а 16 отсто дека „ќе бидат потребни повеќе од 15 години, но ќе се стане“. Ист толкав процент, 16, сметаат дека „државата никогаш нема да стане земја членка на ЕУ“, а шест отсто изјавиле дека не знаат.

Кога станува збор за ставот кон ЕУ, 23 проценти од граѓаните на земјава имаат „многу позитивна“ слика за Унијата, 42 отсто „прилично позитивна“, 20 проценти „неутрална“, 10 отсто „негативна“, а четири проценти „многу негативна“. Еден процент од анкетираните немаат став.

Дури 90 отсто од анкетираните изјавиле дека „се добро“ или „делумно“ информирани за процесот на интеграција на државата во ЕУ, а 70 проценти дека членството во ЕУ би донело повеќе придобивки отколку недостатоци за земјата.

Како придобивки од членството во ЕУ, 48 отсто од македонските граѓани ги сметаат отворените граници и можноста за да се патува во другите земји од Унијата без визи, 43 проценти слободната трговија и бесцаринската зона, а 42 проценти поквалитетниот живот и повисокиот животен стандард.

За 44 отсто од граѓаните на земјава најголема загриженост во врска со членството во ЕУ предизвикува одливот на млади и миграцијата, за 20 проценти зголемувањето на бирократија, а за 17 отсто преголемиот број европски регулативи и ограничувањето на националната слобода.

Главна пречка за пристапувањето на земјава кон ЕУ според 41 отсто од анкетираните македонски државјани е „широко распространетата корупција“, за 38 проценти „недостигот на владеењето на правото и неадекватното судство“, а за 37 отсто „несогласувањето на одредени земји членки“.

Според истражувањето, 51 отсто од македонските државјани сметаат дека поддршка за економскиот развој на државата би придонел за понаклонет став на граѓаните кон ЕУ, а по 45 проценти оценуваат дека најголем придонес за тоа би имале поддршката за побрз процес на интеграција на државата во Унијата и поддршката на напорите за намалување на корупцијата.

Кога станува збор за тоа во кои сфери ЕУ треба да игра поголема улога во пружањето поддршка на земјава, 39 отсто од граѓаните сметаат дека тоа треба да се економскиот развој и трговијата, 32 проценти – здравството, а 24 отсто – поддршката на младите.

Доверба кон ЕУ, според Евробарометар, изразуваат 75 отсто од македонските граѓани, што е пониска од довербата кон Светската Банка и ММФ кои изнесуваат 79, односно 76 проценти, но повисока од довербата кон НАТО, која е 73 отсто.

Во однос на финансиска поддршка од ЕУ за земјава, 93 отсто од анкетираните изјавиле дека се свесни за неа, 85 проценти сметаат дека таа поддршката е „голема или умерена“, 46 отсто оценуваат дека Унијата пружа „најзначајна финансиска поддршка на државата“, а 53 проценти дека таа поддршката е ефективна.

Во извештајот од истражувањето на Евробарометар се посочува дека во државите кандидати за членство генерално преовладува голем ентузијазам за пристапување во ЕУ, но тој во исто време е под влијание на специфични економски и геополитички проблеми на секоја земја.

Според резултатите од истражувањето, мнозинството жители на земјите од Западниот Балкан го поддржуваат зачленувањето на нивните држави во ЕУ, со исклучок на Србија каде поддршка за пристапување кон блокот е најниска во регионот и изнесува 33 отсто. Најголема поддршка за членство во ЕУ има во Албанија од 91 отсто.

Значителна поддршка за членство на нивните земји во ЕУ изразуваат и жителите на Грузија од 74 и на Украина од 68 проценти.

Кога станува збор за имиџот на ЕУ, во земјите од Западниот Балкан доминира позитивна слика за Унијата, при што граѓаните ја ценат европската поддршка за економскиот развој и напорите за борба против корупцијата. Највисока позитивна оценка за ЕУ се бележи во Албанија од 82 отсто, а најниска во Србија од 38 проценти.

Кога станува збор за земјите од т.н. Источното соседство на ЕУ, најпозитивна слика за Унијата има во Молдавија од 55 отсто, пред Украина со 49 и Грузија со 43 проценти.

Главен предизвик, според Евробарометар, претставува ниското ниво на свест за Европската Унија и политиката на проширување во сите земји кандидатки и потенцијални кандидати за членство, при што значителен дел од граѓаните изјавиле дека се чувствуваат недоволно информирани. „Најдобро информирани“ се жителите на Молдавија и на Црна Гора, каде 48, односно 39 отсто од анкетираните изјавиле дека се „добро“ или „многу добро“ информирани. За разлика од ова, „најслабо информирани“ се Украинците и Србите, каде таа стапка изнесува 23, односно 20 проценти.

Кога станува збор за Турција, поддршката за членство на земјата во ЕУ изнесува 49,9 отсто, позитивен став за Унијата имаат 50,7 проценти, а добро информирани за блокот и неговите политики се 40,6 отсто од турските граѓани. Турците како глави пречки за пристапот на нивната земја ги посочуваат недостигот на политичка волја, слабостите во владеењето на правото и широко распространетата корупција.

На ниво на ЕУ, пак, поддршка за пристапувањето изразуваат 56 отсто од европските граѓани, при што таа е особено висока меѓу лицата на возраст од 15 до 39 години веруваат, каде достигнува до две третини.

Генерално, граѓаните на ЕУ го поддржуваат проширувањето и сметаат дека кандидатите за членство треба да му се приклучат на блокот кога ќе ги исполнат потребните услови, посебно оние поврзани со почитување на владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на основните права, при што 56 отсто од нив оценуваат дека нивната држава би имала корист од приемот на нови членки.

Сепак, дел од анкетираните Европејци изразуваат загриженост од миграцијата, корупцијата, криминалот и финансиските трошоци од процесот на проширување.

Кога станува збор за информираноста, 67 отсто од граѓаните на ЕУ изјавиле дека не се чувствуваат добро информирани за процесот на проширувањето.

Според еврокомесарката за проширување Марта Кос, резултатите од истражувањето покажуваат дека граѓаните на ЕУ, а особено помладите луѓе, го поддржуваат проширувањето.

Евробарометарот испраќа уште една јасна порака: луѓето сакаат кредибилен процес базиран на вредности, воден од вистински реформи. Заедно со земјите членки ќе се ангажираме директно со граѓаните, ќе се осврнеме на нивните загрижености и ќе покажеме како проширувањето носи мир, просперитет и пообединета Европа, порача Кос.

Со истражувањето за поддршката на процесот на проширување на ЕУ биле опфатени сите 27 земјите членки на Унијата, како и државите кандидати и потенцијални кандидати за членство.

 

граѓани Евробарометар истражување македонски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Криминална организација во Грција шверцувала и продавала разредено гориво – дистрибуирани над 1,34 милиони литри

September 4, 2025

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.