Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврокомисијата распиша конкурс за наградите „Европската зелена престолнина и зелен лист 2027“

0
By Marija Todorovska on January 15, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европската комисија денеска распиша конкурс на кој европските градови посветени на одржливост на животната средина може да аплицираат за наградите „Европска зелена престолнина“ и „Европски зелен лист“ за 2027 година.

Конкурсот трае до 15 март 2025 година, по што панел од независни експерти за урбана одржливост ќе ги разгледа и оцени перформансите на градови апликанти според седум еколошки индикатори – квалитетот на воздухот; квалитетот на вода; биолошкиот диверзитет, големината на зелените површини и одржливото користење на земјиштето; управувањето со отпадот и циркуларната економија; бучавата; ублажувањето на климатските промени; и адаптацијата на климатските промени.

Врз основа на препораките на експертите и проверките на фактичката состојба, Комисијата во текот на јуни или јули ќе ги избере градовите финалисти, а победниците ќе бидат соопштени во октомври годинава.

Право на учество на конкурсот имаа градови од земјите членки на ЕУ и на ЕФТА и тоа оние со над 100.000 жители за наградата „Европската зелена престолнина“, а оние со од 20.000 до 100.000 за „Европски зелен лист“.

Лауреатот на наградата „Зелена престолнина“ ќе добијат 600.000 евра, а на „Зелен лист“ 200.000 евра. Целта на оваа финансиската награда е да ги поддржат напорите на победничките градови во спроведувањето иницијативи за подобрување на нивните еколошки перформанси, особено во текот на годината за која го добиле признанието.

Европската комесарот за животна средина, отпорност на водите и конкурентна циркуларна економија Јесика Розвол ги повикува европските градови да аплицираат за наградите.

– Ова е можност да покажете колку сте одржливи и да споделите инспиративни приказни и најдобри практики со другите градови за да станеме позелени. Повеќето Европејци живеат во градовите, па затоа да ги направиме здрави и пријатни за живот и за што е можно поодржливо деловното работење, порача Розвол.

Според статистичките податоци, повеќе од две третини од населението во Европа живее во градовите и тие играат водечка улога во социјалната, еколошката и економската трансформација, кои се приоритети поставени со Европскиот зелен договор.

Целта на наградите е да се охрабрат градовите да станат позелени и почисти. Наградите ги промовираат и наградуваат напорите на европските градови што се стремат да го подобрат квалитетот на животот на нивните жители и да го намалат влијанието врз глобалната животна средина.

Наградата „Европска зелена престолнина“ досега им е доделена на 17 градови, а „Европски зелен лист“ на 19, кои станаа дел од постојаната растечка мрежа на европски градови што споделуваат заедничка визија и експертиза и ги инспирираат другите да ги следат нивните стапки.

Лани „Европска зелена престолнина“ беше Валенсија, годинава е Вилнус, а во 2026-те ќе биде Гимараеш.

Носители, пак, на наградата „Европски зелен лист“ лани беа словенечко Велење и данскиот Елсиноре, за 2025 – шпанскиот Виљадеканс и италијанскиот Тревизо, а догодина – финската Ваза и португалската Агуеда.

Еврокомисија европска зелена престолнина Европски зелен лист
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.