Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа бара европско сценарио за бегалската криза со главна улога за Македонија

0
By Светлана Јовановска on February 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бегалската криза е многу далеку од вистинско и долгорочно решение, а демократската Европа веќе со месеци тапка во место во потрага по решение кое сите – и земјите членки и земјите кандидати – ќе го прифатат.
Во меѓувреме, нови повеќе десетици илјади бегалци од Сирија стасуваат деновиве на турската граница. Анкара вети дека ќе им ги отвори вратите со што значително ќе се зголеми бројот на оние кои се веќе во Европа.

Статистиките велат дека помеѓу јуни 2015 година и јануари низ Македонија минале речиси половина милион бегалци а бранот продолжува и најавите велат дека ќе се влоши со доаѓањето на пролетта.

На министерскиот состанок одржан минатата недела во Амстердам, на кој учествуваа Македонија и другите балкански земји, нам ни беше ветена помош од земјите членки на ЕУ за да го менаџираме бранот бегалци кои стасуваат кај нас.

Претседателот на ЕК Жан-Клод Јункер изјави пред неколку дена дека Комисијата обезбедила финансиска помош за Македонија од 2,6 милиони евра директна хуманитарна помош и 14,2 милиони евра со дополнителни 25 милиони евра што се подготвени, за долготрајна помош во областа на миграцијата, азил и менаџирање на границата. Се уште не се знае точно колкава и каква помош се подготвени да испратат земјите членки во Македонија.


Никола Попоски пристигнува на министерскиот состанок во Амстердам

Според македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски Србија, Хрватска, Унгарија, Словачка и Чешка и понудиле на Македонија помош во полицајци, опрема и за формирање на центри за регистрација.

– Најважно е да имаме луѓе и опрема за да можеме да ја контролираме границата и да ја спроведуваме регистрацијата на оние места каде што треба луѓето легално да ја минуваат границата, изјави Попоски додавајќи дека Македонија за таа цел веќе ја вклучила и Армијата.

Според нашиот министер, “контролата на македонско-грчката граница е веќе реалност“.

– Тоа го правиме со наши ресурси и благодарни сме за помошта што ни ја даваат на билатерално ниво поголем број на земји-членки на Европската унија, пред се Австрија. Тоа е во делот на полицајци, т.е. луѓе што ни помагаат во делот на контрола на границата и во делот на опрема, како и во напорите за регистрирање на основани абратели за азил на влез во Република Македонија. Сето ова е добредојдено, но се надеваме, како што реков, дека секој ќе ја превземе својата одговорност и дека ќе успеат да се справат со спречување на нелегалните миграциски текови на ниво на грчка територија. Тоа е за нас подобра опција отколку ние да мора да бидеме ставени во незавидна ситуација. Затоа, ние не оставаме на случајност, туку ги превземаме мерките за контрола на нашата граница – образложи Попоски.

Според Попоски, тоа значи дека Македонија во иднина ќе прима онолку бегалци колку што потоа ќе бидат преземени од страна на други држави на ЕУ.

Европската комисија (ЕК) и се закани за Грција со исклучување од Шенген зоната поради недоволната контрола на мигрантите кои стасуваат кај овој наш сосед и потоа заминуваат кон западните и северните членки на ЕУ.

Во еден извештај на ЕК, на Грција и се забележува дека лошо ја врши регистрацијата на бегалците кои доаѓаат на нејзините граници. Грција исто така доцни со отворање на пет “хот спот” кампови на главните острови каде бегалците стасуваат. Според министерот за миграција Јанис Музалас, тие пет локации ќе бидат отворени во февруари или март. На Грција и се забележува исто така што долго време ги пуштала кон ЕУ бегалците од Пакистан или земјите на Северна Африка кои не можат да бараат статус на азилант.

Но, земјите членки се согласуваат со предлогот на ЕК за исклучување на Грција од Шенген и се прашуваат дали ова решение може само да ја влоши и бегалската криза, односите во ЕУ па дури и распад на Шенген зоната, едно од ретките најопипливи достигнувања во историјата на ЕУ.

-Земјите членки се тие кои ќе решат што понатаму со Грција а не Комисијата, изјави за сајтот Политико висок европски дипломат.

Германија во Амстердам побарала “заедничко европско решение” а не изолирање на земји членки.

Генерално, македонската политичка криза не се доведува во контекст на бегалската криза. Сепак, од повеќе страни дојдоа изјави кои посакуваат чиста политичка ситуација во Македонија и цврста влада која може да се справи со овој предизвик.

Министерот Попоски пред извесно време изјави дека ЕУ нема да дозволи компромитрање на решението за бегалската криза затоа што кај некои партии кај нас не постои волја за решавање на нашата политичка криза:

– Очигледно е дека европски интерес е да се воспостави ред и систем што ќе може да се применува на терен во врска со мигрантските бранови, особено пред да дојде следната пролет во која се очекува дека ќе има зголемен прилив. Во такви едни услови, европски интерес е во Македонија фокусот да не биде само на надминување на тековните политички проблеми, туку да се има чиста ситуација во која ќе може Владата и институциите сериозно да се справуваат со овој сериозен предизвик што го става под прашалник и опстојувањето на Шенген-режимот и слободата на движењето. Во такви услови, самата ЕУ не би си дозволила да може да биде компромитиран еден така важен интерес само поради непостоењето на волја кај некои политички субјекти во земјата, рече Попоски.

Така, некои земји членки одлучија да не чекаат европско решение за кризата и воведуваат контроли на своите граници со што го доведуваат Шенген во опасност.

Четирите земји од Вишеградската група (Унгарија, Полска, Чешка и Словачка), за 15-ти овој месец закажаа состанок на ниво на шефови на држави на кој се поканети само уште македонскиот претседател Ѓорге Иванов и српскиот премиер Александар Вучиќ. Целта е токму на билатерално ниво со македонската и српската држава да се договори заштита на ЕУ-границите и на Шенген-зоната.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.