Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа му постави црвен тепих на султанот Ердоган

0
By Светлана Јовановска on March 9, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавата за затворање на балканската рута синоќа по словенечката одлука повеќе да не прима бегалци е порака до сите кои тргнуваат кон ЕУ дека по овој пат повеќе нема да поминат. Во Европскиот парламент (ЕП) критиките за евро-турскиот договор утринава беа без милост за земјите членки.

Словенечкиот премиер Миро Церар изјави дека «балканскиот пат за нелегалната имиграција повеќе не постои».

Овој словенечки потез беше веднаш имитиран во Хрватска, Србија и Македонија. Границата е отворена само за хуманитарни исклучоци и за оние кои во Словенија имаат намера да побараат азил. Според експеритите, станува збор за многу мал број луѓе помеѓу 850.000 лица кои стасаа од Турција во Грција во текот на изминатите месеци.

Одлуката на Љубљана прави притисок врз ЕУ која ќе мора брзо да најде конечен договор со Турција. Во меѓувреме, невладините организации се шокирани од пред-договорот со Турција кој треба да се финализира на 17 март. Договорот предвидува Турција да ги прими назад сите мигранти кои нелегално стасале во Грција вклучително и Сиријци кои бегаат од војна а ЕУ зема обврска за секој еден од овие луѓе да земе на територијата на ЕУ еден бегалец од тие кои се во Турција.

Негативни реакции вчера дојдоа и од УНХЦР кои се загрижени за каков било договор што вклучува неселективно враќање на сите поединци од една земја во друга без доволно нагласени заштитни механизми за бегалците во согласност со меѓународните обврски, реагираат од седиштето на УНХЦР во Женева.

Во ЕП утринава се одвиваше долга и исклучително остра дебата за исходот на бриселскиот самит помеѓу Анкара и 28те лидери на ЕУ.

Шефот на либералната група, екс белгиски премиер Ги Верхофштад го нападна пред-договорот помеѓу ЕУ и Турција велејќи дека “ние му ги дадовме клучевите на Европа на султанот Ердоган”.

Речиси сите политички групи во ЕП беа критични од резултатот на понеделничкиот самит а единствената политичка група која го бранеше договорот беа демо-христијаните.

Манфред Вебер, шеф на оваа група на која и припаѓа и германската канцеларка Ангела Меркел, рече дека е задоволен од исходот. Сепак, тој додаде дека 6 милијарди ветени на Турција не се отворен чек кој може да исполнува желби бидејќи овде станува збор за соработка.

Турскиот премиер Ахмет Давотоглу во понеделникот вети дека ниту еден цент нема да биде потрошен за турските граѓани и дека сите пари ќе бидат искористени за бегалците.

Но, другите групи не штедеа критики. Верхофштад, видно изнервиран, побара од претседателот на ЕУ Доналд Туск да си ја провери “домашната задача” до следниот самит на 17 март кога договорот со Турција треба да прерасне во финален договор.

– Ние, Европјаните, го блокираме приемот на сите Сиријци и бегалци кои бараат заштита и сега Турција и Ердоган ќе бидат тие кои врз индивидуална основа ќе одлучуваат кој е политички бегалец и кој не е, кој може да оди во Европа е кој не, рече либералот и додаде дека “очигледно е дека Курдите кои доаѓаат од Сирија или Ирак нема воопшто да можат да ја минат границата”.

За претседателот на социјалистите Џан Питела, хуманитарната ситуација на Грција е драматична и тој стравува дека Грција ќе се претвори во “птичарник за бегалци” на кој има “само влез но не и излез”.

Ко-претседателот на групата на Зелените Филип Ламбертс подвлече дека Европа е во “морален банкрот” и дека ЕУ му ставила “црвен тепих на режимот кој ги замолчува медиумите и ги бомбардира своето население”.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.