Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа најавува крај на пластиката

0
By Светлана Јовановска on October 25, 2018 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лоша вест за нашето здравје стаса од Австрија. Според студија на Медицинскиот универзитет во Виена и Агенција за човекова околина на Австрија, човечкиот измет содржи честички на пластика помали од 5 мм.

Студијата беше презентирана на 22 октомври на Конгресот на ЕУ за гастро-ентерологија а се базира на истражување правено во Финска, Италија, Јапонија, Холандија, Полска, Русија, Велика Британија и Австрија. Учесниците пишувале што внесувале во организмот во текот на една недела и потоа дале примерок од нивниот измет за анализа.

Научниците нашле девет различни типови пластика и 20 честички на микропластика во 10 грама измет. Помеѓу нив, полипропилен кој се наоѓа во пластичните амбалажи на производите на храна, пластичните шишиња. Учесниците консумирале храна спакувана во пластика и пиеле вода од пластични шишиња.

Сламките се на списокот на поголемите загадувачи

Не треба да бидеш голем научник за да знаеш дека оваа микропластика има штетни последици врз организмот и го намалува имунитетот на човекот.

И пред оваа студија да стаса во досиеата на европските одлучувачи, дебатата за забрана на употребата на пластика во ЕУ беше почната. Но, работата не оди лесно бидејќи нашето општество е на извесен начин “заробено” во пластика која се наоѓа на секој чекор.

Во средата беше направен значаен чекор во насока оваа забрана. Европскиот парламент (ЕП) во средата изгласа извештај на белгиската пратеничка Фредерик Рис кој е посветен на проект на ЕУ директива која има за цел да ја намали употребата на пластични производи за еднократна употреба и да го намали влијанието врз човековата околина. Извештајот на г-ѓа Рис беше изгласан со 571 глас за, 53 против а 34 пратеници се воздржаа од гласање.

За белгиските медиуми Рис изјави дека досега, во нејзината европска кариера, не видела таков успех на еден извештај за човековата околина:

– Никогаш во мојата кариера не сум видела една директива поддржана на ваков силен начин и од јавноста и од невладините организации.

Секоја година во Европа 150.000 тони пластика завршуваат во морето и претставува 80 отсто од морскиот смет. Бројката е застрашувачка бидејќи сега научниците знаат дека на пластиката и требаат многу години за да се распадне. Таа пластика завршува во нашите чинии со риба. Во целиот свет.

Пластиката често завршува во морињата а ние ја голтаме јадејќи риба

ЕУ одлучи да почне од забрана на платика за еднократна употреба што претставува 70 до 80 отсто од вкупниот пластичен смет. Како амбалажата за сендвичи, овошје, зеленчук, десерти и сладолед, потоа сламките со кои пиеме Нескафе и сокови, пластичните чинии, лажици, виљушки и ножеви, стапчињата за чистење уши и филтрите за цигари кои се помеѓу најбројните во сметот.

Земјите членки на ЕУ имаат задача да изработат национални планови за охррабрување на рециклажата на овие производи и развој на амбалажи за повеќекратна употреба. Произведувачите на цигари ќе треба да учествуваат во трошоците за собирање на опушоците, нивниот транспорт и третман. Во однос на пластичните шишиња, целта е да се собираат одделно и 90 отсто од нив да биде рециклирано најдоцна до 2025 година.

Ова загадување ќе чини 22 милијарди евра до 2030 година, вели Рис и смета дека принципот на загадувач кој треба да плати мора да се примени. Истовремено, извештајот на Рис има и економски импакт па според неа, примената на препораките ќе го намали загадувањето но ќе донесе и нови можности за вработување и иновации.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.