Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа нема друга алтернатива, освен да продолжи да ги користи руските енергенси, предупредувајќи на „исклучително болни“ економски последици, доколку континентот се обиде да го прекине снабдувањето со нафта и гас.
„Европа едноставно нема разумна замена, како што нема ниту резервни количини на глобалниот пазар. А, испораките од други земји, пред сè од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа, многукратно повеќе ќе ги чинат потрошувачите“, рече Путин во обраќањето од својата резиденција во близина на Москва.
Лидерите на земјите од Европската Унија се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше земјите, како Германија, кои се против целосна забрана на руската нафта и гас, велејќи дека имаат крв на рацете.
Сепак, Путин, исто така, призна дека има „проблеми со плаќањата на руските извозни енергенси“, бидејќи банките од „непријателските земји“ го одложуваат трансферот на средствата.
„Како што многупати кажавме, тука најголем проблем е нарушувањето на извозната логистика“, рече тој.