Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа ни нуди патоказ за компетитивна економија и вработеност

0
By Светлана Јовановска on February 25, 2014 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија, заедно со другите балкански земји, наскоро ќе добие европски патоказ за подобрување на економијата и инвестициите.

Ова вчера во Лондон го најави комесарот за проширување Штефан Филе пред премиерите на нашиот регион. Како подготовка на конференцијата на Европската банка за реконструкција и развој одржана вчера во Лондон, балканските премиери добиле документи во кои се објаснува овој план за економско подобрување на Балканот.

Причината за зајакнатото инволвирање на Европската комисија (ЕК) во балканските економии е пред се констатацијата дека ниту една балканска земја не е функционална пазарна економија и дека тоа мора да се смени во наредните години. Социјалното незадоволство кое го покажаа пред се Босанците и сигнал на предупредување дека лошите економии и огромната невработеност на Балканот мораат да застанат на нозе и да го покачат стандардот на граѓаните.

“Невработеноста насекаде во регионот е висока. Особено кај младите. Јавните дефицити и нивоата на долгови се зголемуваат”, рече Филе во Лондон додавајќи дека “пречка за компетитивноста е често политизацијата на одлуките кои треба да биде пазарно раководени”. Оттука потребни се кредибилни реформи кои треба да ги поддржат и приватниот и јавниот сектор.

Планот на ЕК потсетува на начинот на кој ЕК им помага на земјите членки да излезат од кризата и кој почна да ги дава првите резултати. Оттука, ЕК смета дека на тој начин треба да му помогне на Балканот и истовремено да го подготви за идното членство. “Ние имаме искуство – сакаме и вие да го искористите веднаш”, рече Филе.

Од балканските земји ќе се бара веднаш, уште во април, да направат Национални програми со своите економски приоритети каде место треба да најдат инфраструктурата и енергијата. Потоа ЕК ќе испрати свои мисии во секоја од земјите и ќе направи препораки за секоја земја.

Бидејќи балканските земји не се членки на ЕУ, овие препораки и економскиот дијалог во кој ќе се влезе, нема да бидат обврзувачки. ЕК нема да спроведува санкции ниту пак станува збор за условеност за да се напредува кон ЕУ. Потоа, во мај, на Советот за економски и финансиски работи на ЕУ, на дневен ред ќе биде и Балканот.

Истовремено, ќе треба да се направат и Програми за компетитивност и развој со сите реформи за приоритетните сектори. Оваа програма земјата треба да ја направи во 2015 година и таа треба да придонесе за развој на извозот и да биде патоказ за инвеститорите.

Оценките на ЕК ќе бидат изнесени во годишните извештаи за напредок кон ЕУ кои се објавуваат секоја есен.

Брисел очекува дека ќе добие програми во кои првото место ќе им биде дадено на вработувањето, инвестициите, претприемаштвото, образованието и подобрување на бизнис климата која, според ЕК, не е добра во моментов.

Според планот на ЕК, потребна е реформа на јавните финансии, институциите на пазарот на работна рака и на административните товари кои му пречат на бизнисот а потребно е и вистинско инвестирање во образованието. Сето тоа не може да се спроведе без правна држава која ќе им даде доверба на инвеститорите.

Овој напор на балканските земји ќе најде своја финансиска поддршка во новата ИПА програма и во соработка со Меѓународниот монетарен фонд. Точните суми за таа цел не се се уште планирани.

Конечно, овие напори во економијата, вели извор на ЕК, не можат да бидат спроведени без реформи на јавната администрација, судството и борбата против корупцијата. Овие области веќе се приоритет во работата на ЕК со Балканот.

Комесарот Филе побара од премиерите на Балканот да го прифатат планот на ЕК за да ја подобрат ситуацијата во нивните земји и го очекува нивните реакции.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.