Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европа во комплицирана потрага по легално и хумано решение за бегалците

0
By Светлана Јовановска on March 17, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека европските лидери патуваат кон Брисел на самитот со Турција закажан за денес и утре, Европскиот парламент (ЕП), Обединетите нации (ОН) и невладините организации низ цела Европа го креваат гласот против нацрт договорот со Турција за бегалците.

На Твитер, под хаштагот #EuropeBlackDays се повикуваат лидерите да најдат хумано и легално решение и да не ги доведуваат во прашање правото за азил и Женевската конвенција за бегалците.

Нацртот договорен помеѓу ЕУ и Турција на 7 март во Брисел предвидува сите нови бегалци и мигранти кои пристигнуваат на грчките острови да бидат вратени во Турција. За секој вратен Сириец, Европа се обврзува да земе друг Сириец од Турција. За возврат Турција добива безвизен режим и обнова на преговорите за членство во ЕУ.

Првата порака на овој договор е испратена до бегалците на кои им се става на знаење дека Европа всушност ги затвора своите врати. Бегалците треба да поднесат барање за азил во Турција и да не се обидуваат да го преминат морето за да дојдат во Грција со што, се надева ЕУ, ќе се стави крај на лукративниот бизнис на шверцерите.

Бран критики доаѓаат од ЕП, ОН и невладините организации за кои нелегално нацрт договорот е нелегален од повеќе аспекти. Во Брисел во меѓувреме правниците на ЕУ го анализираат текстот за да видат што е, а што не е легално.

Така, Европската комисија (ЕК) вчера изјави дека враќањето на бегалците кон Турција е сосема законски поради тоа што Грција ја стави Турција на листата на “сигурни земји” каде што бегалците можат да добијат заштита. Секој барател на азил има право на индивидуална процедура на грчките острови и може да поднесе жалба на враќањето на Турција, тврди ЕК.

Загрижени се и некои земји членки на ЕУ кои не сакаат да примат бегалци и кои не одговорија на барањето на ЕК за распределба помеѓу сите 28 членки на 160.000 бегалци. Досега одвај 1.000 лица беа релокализирани.

Најзагрижен е Кипар кој не сака да слушне за отворање нови поглавија во преговорите за членство со Анкара. Кипар, да потсетиме, е поделен на два дела од 1974 година, помеѓу грчки и турски дел.

Франција исто така не е воодушевена од ветувањето за безвизен режим. Според францускиот претседател тоа нема да се служи доколку Турција не ги исполни сите барања за ослободување од визи. Според нацрт договорот визите треба да бидат укинати веќе оваа година. Многумина се сомневаат дека Турција ќе може толку брзо да ги исполни критериумите.

Австрија е загрижена за европските вредности кои се доведуваат во опасност доколку му се попушта на турскиот авторитарен режим а Унгарија тврди дека ќе стави вето на секое ветување за релокализација на бегалците во ЕУ.

Според лидерот на либералите во ЕУ и поранешен белгиски премиер Ги Верхофштад, ЕУ не смее да попушта пред Турција. Ако ЕУ се согласи да отвори нови поглавија од преговорите, тогаш, според Верхофштад, треба да се отворат поглавијата 23 и 24 во кои се третира слободата на изразувањето и човековите права.

Многу земји членки се исто така колебливи околу нацрт договорот поради начинот на кој тој беше склучен. Текстот го договараат германската канцеларка Ангела Меркел, холандскиот премиер Марк Руте кој претседава со ЕУ и турскиот премиер Ахмет Давутоглу. Другите земји не биле информирани за овие преговори но ни претседателот на ЕУ Доналд Туск кој, велта дипломатите, бил особено изнервиран поради ваквиот начин на работење.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.