Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европратеникот Илхан Ќучук стана почесен доктор на АУЕ-ФОН

0
By Sashko on September 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американскиот универзитет на Европа-ФОН денеска, на свечена церемонија, му додели титула почесен доктор или „Doctor Honoris Causa“ на Илхан Ќучук, европратеник и известувач на Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

Ко-сопственикот на Американскиот универзитет на Европа – ФОН, Сефер Цаноски пред присутните гости, честитајќи му ја титулата почесен доктор на европратеникот Илхан Ќучук, истакна дека ова признание му се доделува на млад човек којшто со својот потенцијал секојдневно ги покажува европските вредности. Според Цаноски, Ќучук е пример како треба да се размислува колективно за доброто на сите.

„Емпатијата, работата и секојдневниот труд кој го вложува во својата кариера, поттикната со искреност, отвореност дури во едно тешко време на предизвици, покажува дека се вистински вредности кои секогаш излегуваат на површина“, истакна во своето обраќање Цаноски.

Претседателот на Сенатот на АУЕ – ФОН, Насер Етеми во своето образложение пред присутните гости образложи дека титулата почесен доктор му се доделува на европратеникот Ќучук за неговиот придонес во развојот на научната мисла, културата и високото образование, како и за помошта во процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија.

„Како европратеник, Ќучук има значаен придонес за промоција на АУЕ-ФОН во европски рамки. На негова иницијатива, во јануари 2022 година на нашиот универзитет се одржа првата конференција „Граѓански придонес во градење на доверба, заедништво и сојузништво“, со цел преку граѓанска иницијатива и низ серија конференции за соработка во областа на образованието, културата и младите, да се надминат разликите и да се приближат двата народи и држави. Со негова поддршка, АУЕ – ФОН и наставниот кадар се етаблираа и остварија значајни меѓународни соработки, особено со универзитетите од соседна Бугарија“, рече Етеми.

Илхан Ќучук, додаде тој, е продуктивна, почитувана и влијателна личност која со своите активности, не само што значително помага во процесот на евроинтеграцијата на Република Северна Македонија во ЕУ, туку помага за интернационализацијата и европеизацијата и развој на македонската академска и граѓанска заедница.

На свеченоста по повод доделувањето на титулата „почесен доктор“ на европратеникот Ќучук присуствуваа бројни гости, министри, амбасадори и претставници од државниот врв, меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски, претседателот на Собранието Талат Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петрова, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и поранешниот премиер Зоран Заев.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
ФОКУС

Рубио: САД ги предупредуваат другите земји дека признавањето на Палестина ќе предизвика повеќе проблеми

ВЕСТИ September 5, 2025

Американскиот државен секретар Марко Рубио денес за време на посетата на Еквадор изјави дека САД…

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

September 3, 2025

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025
CIVICA
ТИКЕР

Бројот на барања за азил во ЕУ драстично опадна во првата половина од годината

September 8, 2025

Илјадници работници во лондонското метро започнаа штрајк поради платите и условите за работа

September 7, 2025

Папата прогласи 15-годишник компјутерски специјалист за светец

September 7, 2025

Двајца тешко повредени при уривање на покрив на супермаркет во Германија

September 7, 2025

Хеликоптер се урна во Минесота, нема преживеани

September 7, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.