Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Eвропски филмови на „Кафе кино“ од 6 до 16 јули

0
By Нова ТВ on July 3, 2019 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со комедијата „Добредојдовте во Германија“ на Симон Верховен од 2016 година, в сабота во Сули ан ќе биде отворено 11-дневното „Кафе кино“ кое е составен дел од програмата на фестивалот „Скопско лето“. Вториот ден од викендот (7 јули) ќе биде прикажана спортската комедија од Швајцарија „Стрикер (Гол натрапник)“. Проекциите ќе продолжат до 16 јули, секоја вечер од 21 часот.

Покрај овие два, на „Кафе кино“ годинава се уште девет понови европски филмски наслови: италијанската комедија „Хотел Гагарин“ (8 јули); швајцарскиот документарец „Хотел Југославија“ (9 јули); семејната драма од Италија „Море од жито“ (10 јули); шпанско-француската хорор-комедија „Убивајќи го Бога“ (11 јули); унгарската фантастична романтична комедија „Лиза – лисицата самовила“ (12 јули); од Унгарија е и историската авантура „Кинцсем – обложи се на одмазда“ (13 јули); данската комедија „Кариран нинџа“ (14 јули); италијанската авантура „По стапките на мојот татко“ (15 јули) и  германско-италијанската авантуристичка драма „Планинско чудо“ (16 јули).

Филмови што ретко се во ударни термини на репертоарите во кината

Новинарот од Македонското радио Тони Цифровски, кој и оваа година помогна да се направи селекцијата, за МИА изјави дека и годинашниот избор филмови за популарното „Кафе кино“ е обид пред пребирливата публика на „Скопско лето“ да се распостелат, како што вели, подвижните слики од кинематографиите во Европа, кои поретко добиваат ударни термини на редовниот кинорепертоар.

-Жанровската шареноликост веруваме дека ќе обезбеди програмски фаворит за секој филмофил што ќе дојде во Сули ан. Отворањето е со одличната германска комедија „Добредојдовте во Германија“ која треба да обезбеди насмевки за добредојде на годинашното издание на ова случување, во кое мал акцент ќе биде ставен на унгарската кинематографија, рече Цифровски.

Влезницата за секој филм е 100 денари. Во Дирекцијата за култура и уметност-Скопје, организаторот на „Скопско лето“, се задоволни од интересот за овој настан во изминатите години и од продадените билети, иако Сули ан не е преполн на проекциите и не се зафатени сите 150 планирани места (столови) за гледачи.

Интересот е добар, велат, со оглед на новото време и технологијата, со која секој нов филм бргу и лесно станува достапен за гледање на интернет. Посетеноста почнала да опаѓа на почетокот на 1990-тите со распространувањето на домашното видео, кога почна и пропаѓањето на Градски кина. Но во последните години „Кафе киното“ повторно заживува зашто публиката доаѓа да гледа филмови и заради пријатниот амбиент.

По неколкуте локации, киното на „Скопско лето“ се врати на првата

Програмата „Кафе кино“ стана дел од скопскиот фестивал во средината на 1980-тите токму во Сули ан – некогашен карван-сарај, споменик на османлиската архитектура од 15 век, каде што сега се сместени Факултетот за ликовни уметности и Музејот на Старата скопска чаршија. На тоа место филмови се прикажуваа во првите две години од воведувањето на програмата, а една година и во блискиот Куршумли ан.

Подоцна неколку години филмови се гледаа зад Музејот на Град Скопје – место за кое убави сеќавања имаат и организаторите, а и публиката. Следна локација за летните проекции беше старото Кино-парк во забавниот Луна-парк, но поради неговата руинираност пред четири-пет години филмовите повторно се преселија во Сули ан, како на почетокот.

Организаторите се сеќаваат не само на различните локации низ годините, туку и како се менувало т.е. олеснувало прикажувањето на филмовите. За разлика од блу-рејот сега, до пред само неколку години располагале со гломазен апарат – соодветен за 35-милиметарските филмови. Еден таков голем и застарен кинопроектор, набавен пред дваесетина години со средства од ФАРЕ-програмата, се чува „пензиониран“ во магацин.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.