Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски лобист на ВМРО-ДПМНЕ осомничен за корупција со Азербејџан

0
By Светлана Јовановска on September 5, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италијанот Лука Волонте, лобистот на ВМРО-ДПМНЕ, прифатил милиони евра од владата на Азербејџан за да ја брани оваа земја во Советот на Европа, паневропското тело со седиште во Стразбург чија основна задача е да се бори токму против корупцијата и заштитата на човековите права во неговите 47 земји членки помеѓу кои и Македонија.. Италијанското обвинителство отвори истрага за овој случај.

Волонте беше претседател на политичката група на демохристијаните, Европската народна партија во која членува и ВМРО-ДПМНЕ.

Според конзорциум европски весници, британскиот Гардијан, францускиот Ле Монд, германскиот Зуддојче Цајтунг, данскиот Бизнис  власта во Азербејџан имала таен фонд од 2,9 милијарди долари за мито за европски лобисти, политичари, новинари и бизнисмени. Тие требало да лобираат и да шират позитивни пораки за Азербејџан и власта во оваа земја и да ги блокираат негативните извештаи за наместените изборите, за корупцијата и за политичките прогони и насилства врз опозицијата и новинарите во Азербејџан во Советот на Европа. Парите се пренесувале преку мрачни компании кои имале седиште во Велика Британија, а до нив ги пренесувала Данске Банк, преку нејзината филијала во Естонија.

Денес Телма објави можна македонска вмешаност во овој корупциски скандал. Според Телма, на сметка на поранешен македонски фудбалер “завршиле дел од 2,9 милјади долари, пари со кои меѓу другото владејачката елита поткупувала новинари и европски политичари, тврди романскиот новинар Пол Раду. Дел од овој скандал што го објавија повеќе светски медиуми, според него, е и компанија блиска до претходната македонска влада”. Името на фудбалерот не се открива но романскиот новинар тврди дека тоа наскоро ќе биде објавено.

И Советот на Европа почна своја истрага за тоа, кој и како гласал во Собранието во 2013 година за резолуцијата за Азербејџан.

Питер Омцигт

Холандскиот пратеник Питер Омцигт е помеѓу иницијаторите за оваа истрага. Тој вели дека Советот на Европа конечно тргна во расчистување на овој случај во кој токму вмешаноста на Волонте покажува дека во оваа пан европско тело има “системски проблем”.

Апсења на опозиционери и новинари во Азербејџан

Азербејџан е член на Советот на Европа од 2011 година и од 2012 година кон него впери прст невладината организација Европска иницијатива за стабилност укажувајќи ја можна широка корупција и милионско мито исплатено до европски пратеници од Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на ова тело чија задача била да го бранат Азербејџан и да не дозволат гласање на критични извештаи за оваа земја. Така, во 2013 година не беше изгласан извештајот за политичките затвореници во Азербејџан. Азербејџан е познат по затворање новинари, тортура во затворите, случаи на исчезнати борци за човекови права… Новинарите кои ја критикуваат власта се често заплашувани, затворани или физички напаѓани.

Еден од текстовите на Лука Волонте на провладиниот Курир

Лука Волонте во повеќе наврати пишуваше позитивни текстови за ВМРО-ДПМНЕ и ја критикуваше СДСМ која тогаш беше опозиција. Неговите текстови беа објавувани на сите медиуми блиски до власта како Сител, Курир, Република но и на јавниот сервис Македонската радио-телевизија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

ВЕСТИ November 16, 2025

Утре во Брисел ќе се одржи 7-та меѓувладина конференција, за пристапување на Албанија во Европската…

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.