Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ во Европа осомничени за корупција

1
By Светлана Јовановска on January 27, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 27, 2017 13:57

Сомненија за корупција се надвиснати над повеќе пратеници на Советот на Европа, пратеници кои кај нас се познати како поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ како Шпанецот Педро Аграмунт или Италијанот Лука Волонте.

Во Советот на Европа тие познати како поддржувачи на режимот во Азербејџан.

Советот на Европа е паневропското тело со седиште во Стразбург чија основна задача е да се бори токму против корупцијата во неговите 47 земји членки помеѓу кои и Македонија.

Аграмунт неделава беше избран за претседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) а пред тоа беше претседател на политичката група на демохристијаните ЕНП и известувач за Азербејџан.

Лука Волонте беше исто така претседател на политичката група на демохристијаните ЕНП.

Кавијар дипломатија

Голем број пратеници од ПССЕ бараат отворање на независна надворешна истрага која треба да утврди дали некои пратеници земале пари од земји како Азербејџан за да направат позитивни извештаи за изборите во оваа земја.

А осомничените за корупција бараат истрага токму за невладините организации кои ги отворија прашањата на корупција во највисоките редови на Советот на Европа и ПССЕ.

Азербејџан е познат по затворање новинари, тортура во затворите, случаи на исчезнати борци за човекови права… Новинарите кои ја критикуваат власта се често заплашувани, затворани или физички напаѓани.

Обвинителството на Милано, Италија, отвори истрага за повеќе редовни исплати од над 2 милиони евра кои ги плаќал Азербејџан за да влијае на гласањето на еден извештај во Советот на Европа за третманот на политичките затвореници во оваа екс советска држава.

Италијанската истрага покажува дека во оваа корупциска операција се појавуваат имињата не само на Лука Волонте туку и Педро Аграмунт.

По отворањето на истрагата и извешатите на невладините организации како Амнести Интернешнел, Транспаренси Интернешнел или Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) италијанската телевизија Раи3 направи истражувачка репортажа. Која почнува со овој вовед:

“Што е Советот на Европа? Тоа е меѓународна организација креирана во 1949 година за да се штити и брани столбот на демократијата: слободата на изразувањето, човековите права и демократски избрани влади… Стразбург е градот кој е срцето на нашата сторија, таму каде што се наоѓа седиштето на Советот на Европа. Овде, се води еден посебен вид демократија со многу чудно име. Ја викаат – “кавијар дипломатија””.

Азербејџан му подари на Аграмунт негов портрет

Според ЕСИ Лука Волонте јавно признал дека примил 2.3 милиони евра од Сулејманов, пратеник на ПССЕ од Азербејџан: “Овие трансфери на пари почнале воочи важното гласање за човекови права во Азербејџан. Ако ова не е спротивно на Кодот за однесување за членовите на ПССР, тогаш значи дека тој Код не вреди ништо.”

На барање на 64 пратеници кои сакаат расветлување на ситуацијата, стапи во погон и Комисијата за регулативи на Советот на Европа и во една декларација побара “нула толеранција за секој вид корупција” и од Бирото на ПССЕ побара креирање на “независна надворешна истрага која ќе има за задача да го оцени функционирањето на ПССЕ и да ги открие сите невидливи практики кои фаворизираат корупција; само таква истрага може да стави крај на неказнивоста на некои акции и да ја врати довербата во ПССЕ, неговите акции и одлуки”.

Белгиската пратеничка Петра Де Сутер вели дека мора итно да се реагира заради кредибилноста на институцијата. За белгискиот весник La Libre Belgique таа вели:

“Сите ние (пратениците) сме биле поканети во Азербејџан со сите платени трошоци, некои од нас одат повеќе пати во годината…”

Ова писмо во само неколку часа го потпишаа повеќе пратеници од 25 земји како Швајцарија, Скандинавски земји, Балтичките земји, Белгија, Холандија, Луксембург, Франција, Велика Британија, Германија… Тука се имињата на поранешни претседатели на ПССЕ или повеќе политички групи на партиите на екологистите, социјалистите или европските конзервативци. Но ниту еден Шпанец, Полјак или Турчин не го поддржале барањето за независна истрага а само еден Италијан се потпишал.

Соочени со барањата за истрага и сериозна реакција на овие обвинувања за корупција, бранителите на Аграмунт и Волонте одговориле со барање за истрага на…. невладините организации како ЕСИ, Амнести Интернешнел или Транспаренси Интернешнел.

Така новиот претседател на демохристијанската група во Советот на Европа, Аксел Фишер од германскиот ЦДУ, напиша:

“Очекуваме дека сите сегашни и поранешни членови на ПССЕ… ќе ги почитуваат правилата на Собранието и дека, пред да влезат во соработка со невладините организации, треба да се осигураат во правилноста на нивната работа, цели и финансиски аранжмани на овие невладини.”

Аграмунт, Волонте и ВМРО-ДПМНЕ

Средба Аграмунт-Вељановски во Стразбур пред 4 месеци

Лука Волонте минатата пролет се појави со колумни во македонската криза со текстови објавени од многу провладини медиуми. Првиот текст е под наслов “Кој има корист од дестабилизација на Европа?”. Вината за протестите во Македонија тој ја фрла врз невладините организации и медиуми кои добиваат пари од фондацијата на Џорџ Сорос и УСАИД.

А вториот се однесуваше на изборите во кој се вели дека “во Македонија има политичка борба, а западните медиуми на ова гледаат како на „шарена револуција“ индиректно спонзорирана од ЕУ и САД”. Сето тоа проследено со ловорики за владеењето на Никола Груевски.

Педро Аграмунт кај нас е познат со барем три изјави во кои ја брани актуелната власт. Денот кога е објавена првата „бомба“ на СДСМ, во февруари 2015 година, Аграмунт ја обвини СДСМ за „недемократско преземање на власта“ и “неодговорно однесување на политичката опозиција” а тој се согласува со тезата на власта за „мешањето на други држави преку нивните тајни служби и нелегалното прислушување на телефонски разговори на највисоките политички функционери во Македонија со цел да се сруши владата.“

Повеќе за Аграмунт и Македонија на Проверка на факти  и на НОВА.

Азербејџан Корупција Лука Волонте Педро Аграмунт Раи3 Совет на Европа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.