Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европски парламент: Дебата за Македонија со малку пофални зборови

0
By Светлана Јовановска on March 9, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Турбулентна година за Македонија. Дебатите во Европскиот парламент (ЕП) постојано се повторуваат со барање за преговори а политичката ситуација во земјата постојано се влошува. Статус кво ситуацијата не помага и постои опасност таа да стане хронична и да излезе од границите на Македонија.

Кусиот говор на хрватскиот пратеник Тонино Пицула совршено ја илустрира дебатата која во средата попладне се одржа на пленарната сесија на ЕП во Стразбург.

За Македонија беа издвоени нешто повеќе од еден час дебата на која тема беше резолуцијата за нашата земја на словенечкиот либерал Иво Вајгл. Резолуцијата ќе биде ставена на гласање утре, четврток. Во Резолуцијата се бара отворање на преговори за членство со Македонија но се очекуваат фер избори за да може ЕУ да ја повтори и потврди препораката за преговори.

Пицула потсети дека илегалните прислушувања на илјадници граѓани, закани до новинарите, раширената корупција и честото преплетување на државничките и партиските активности кои резултираа со длабоки поделби без политички дијалог.

Претставничката на Советот на ЕУ во воведот рече состојбата во земјата е критична, политичката криза упорно трае, слобода на изразување не е на високо ниво и Европа е сериозно загрижена. Според неа, Пржино е вистинскиот одговор а витално е изборите од 5 јуни се прв значаен чекор кон подобрување на состојбата. Во име на Советот на ЕУ таа побара независна истрага за кумановските настани, активна Анкетна комисија за прислушувањето и поддршка за Специјалната обвинтелка.

Комесарот за проширување Јоханес Хан потсети дека е потребна примена на извештајот на Прибе и додаде дека меѓуетничката ситуација во Македонија не е добра и инсистираше дека е потребно брзо да се направи ветениот преглед на Охридскиот договор.

Ричард Ховит, еден од пратениците медијатори во политичката криза потсети дека САД и ЕУ не се согласуваат со тврдењето на ВМРО-ДПМНЕ дека имало договор токму со меѓународната заедница дека нема да има нови реформи во медиумите:

«Ние укажавме јавно дека тоа не е дел од ниту еден договор», рече Ховит.

Ховит подвлече исто така дека ставот на Советот и Комисијата, со поддршка од Европскиот парламент, е дека мора да има напредок во итните реформи односно реформите наведени во извештајот на Прибе. Досега ништо не е направено во таа насока па дури и Европската комисија тврди дека Македонија не оди напред туку постојано назадува.

Помеѓу пратениците кои се јавија за збор имаше многу поддршка за работата на Специјалното обвинителство кое треба да ги истражи соменијата за злоупотреби од страна на политичарите. Ховит рече дека Катица Јанева, специјалната обвинителка, им кажала на пратениците медијатори дека не добива поддршка од судскиот систем во земјата.

За жал, немаше многу пофални зборови за Македонија денес во ЕП. Само хрватската пратеничка Маријана Петир, основач на групата Пријатели на Македонија во ЕП, се жалеше што изборите се одложени бидејќи тоа го барале тие што сакаат да владеат без избори.

Една од главните пораки упатени од ЕП беше остра. Таа вели дека политичарите во Македонија не ги исполнуваат нивните обврски и нема да можат вечно да ги избегнуваат задачите кои им претстојат и на кои самите се обврзале со потписот на Договорот од Пржино. Примена на овој договор води до фер избори.

Бегалската криза беше исто така во сите изјави на европските пратеници. Некои беа загрижени поради тоа што Македонија е мала земја и нема капацитет да се справи со толкав број бегалци, други беа задоволни што Македонија успева да ја менаџира оваа криза а некои беа критични поради информациите за насилство врз бегалците од страна на некои припадници на полицијата. Но сите инсистираа на солидарност со Македонија во оваа бегалска криза.

Се разбира, за време на целата дебата дежурните грчки пратеници постојано ја прекинуваа дебатата, бараа збор и ја критикуваа употребата на нашето уставно име. Најчестиот одговор што го добиваа беше дека – да, според Обединетите Нации името е ПЈРМ но пратениците од земјите членки кои нашата земја ја признале како Република Македонија никој нема да ги спречи да го користат уставното име.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.