Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европскиот парламент и ЕУ се договорија за буџетот 2014-2020

0
By Нова ТВ on June 20, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ синоќа постигнаа привремена спогодба за буџетската рамка на Унијата за периодот 2014-2020 година.

– Ги завршивме преговорите. Водечкиот преговарач за Парламентот и јас договоривме пакет, што и двајцата ќе го препорачаме (соодветно на ЕП и на Советот на ЕУ), соопшти ирскиот вицепремиер и министер за надворешни работи и трговија Ејман Гилмор, кој ги претставуваше владите на земјите членки на преговорите во Брисел што траеја повеќе од едно деноноќие.

Гилмор соопшти дека ќе побара од министрите за финансии на ЕУ, на својата денешна средба во Луксембург, да го поддржат договорот.

Ратификацијата на спогодбата, меѓутоа, веднаш беше ставена под прашање од главниот преговарач на Групата социјалисти и демократи (ГСД) во ЕП, Ивајло Калфин. Тој јасно кажа дека втората по големина група во Европарламентот не е задоволна од спогодбата, пренесува МИА.

– Преговорите завршија. Незадоволително за сите. Не можеме да ја потврдиме спогодбата вечерва, напиша бугарскиот европратеник социјалист на Твитер.

Без поддршката на ГСД не е јасно дали Европскиот парламент ќе ја ратификува спогодбата.

Гласањето е закажано за почетокот на следниот месец.

Можно е да бидат неопходни нови преговори меѓу ЕП и владите на земјите членки за да се обезбеди мнозинство за поддршка на спогодбата. Ако тоа не се случи може да биде забавен почетокот на финансирањето на посиромашните региони во ЕУ, засегнати од рецесијата, и на новата иницијатива за борба со нараснатата невработеност на младите.

Европскиот парламент од февруари е во конфликт со Советот на ЕУ, кога националните влади се договорија буџетот на ЕУ во следниот седумгодишен период да биде ограничен до 960 милијарди евра.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
ФОКУС

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

ВЕСТИ November 8, 2025

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за…

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025

Скопје: Данела Арсовск се исели – Орце Ѓорѓиовски се всели во градоначалничката канцеларија  

November 6, 2025
ТИКЕР

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025

Протест во Тузла: Граѓаните бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери и случајот со малолетнички

November 8, 2025

Северна Кореја повторно лансираше балистичка ракета

November 7, 2025

Модулот на кинеските астронаути оштетен од вселенски отпад – нивното враќање е одложено  

November 6, 2025

Египќанецот ел Енани официјално избран за генерален директор на УНЕСКО

November 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.